Роднина на Тито мизерува во сиромаштија
Објавено во: Економија, Стил 01 Март, 2016 17:47
Еден од потомците на југословенскиот лидер, Јосип Броз Тито, денеска е во тешка финансиска состојба и вели дека успеал да стигне до просјачки стап.
Внукот на Тито, Јосип Јошка Броз во интервју за српскиот неделник „Newsweek ”вели дека никогаш во животот не бил во потешка ситуација и се пожали дека „живеел како куче”
Живеам како што морам. Во станот не вклучувам греење, се возам со автобус, луѓето ме частат, ме покануваат на ручек, а мене не ми требаат дневно пет оброка, доволен ми е само еден. Но, на кого воопшто го интересира што сега живеам како куче – рекол Јошка Броз.
Јошка истакнал дека живее од 18.000 динари пензија од кои на ќерката од 10 години и плаќа алиментација од 2.800 динари за часови по француски јазик, бидејќи неговата поранешна жена, како што вели „сè продала“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




