15 Декември, 2025
0.0367

Роднините за исчезнатиот Мартин: Го сакаше балетот и знаеше добро да плива

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2022 15:27

Добивај вести на Viber

Продолжува потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски од Македонија, кој од саботата напладне беше исчезнат од Посеиди, Халкидики. Несреќниот маж заедно со неговите пријатели го зафатиле морските струи на плажата Мити, пишува in.gr.

Неговите блиски во разговор за Voria.gr опишуваат детали за неговиот живот, но и за неговото омилено хоби, балетот. Воедно велат дека не изгубиле надеж и веруваат дека Мартин ќе биде пронајден.

Мартин е роден на 27 декември 1990 година и моментално има 31 година. Го сака балетот и дипломирал на Балетската академија во Скопје, каде што живее, додека работи во месна индустрија. Во исто време, тој работел повремено во Малта.

Роднините недвосмислено велат дека знаел да плива, демантирајќи го она што излегло на виделина последните денови.

„Овде и толку денови поминуваме низ навистина многу тежок период кој не се опишува со зборови, но имаме надеж дека нашиот Мартин конечно ќе биде пронајден жив и здрав“, велат роднините на момчето кое решило да дојде во Грција за роденденот на пријателот на Иван.

Според неговите блиски, Мартин отишол на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и да го прослави роденденот на 30-годишниот Иван. 

Роднините апелираат до сите да не ја прекинуваат потрагата, додека со растреперен глас опишуваат дека Мартин е добро и фино дете.  Треба да се напомене дека вознемиреноста на семејството постојано се зголемува, бидејќи се информирани дека според сегашната законска рамка во Грција, крајбрежната стража ја прекинува потрагата по исчезнатите лица по 72 часа.

Кога мајката на Мартин дознала за исчезнувањето на нејзиниот син била во САД за да го посети другиот син, каде тој работи како готвач, но синоќа пристигнала во Солун, а денес заминала во Неа Скиони.  Претходно мајката апелираше да се лоцира нејзиниот син. 

Потрагата на доброволците за лоцирање на 31-годишниот Мартин во морето во Посеиди продолжува и денеска, но без резултат. Крајбрежната стража засега ја прекина потрагата поради временските неприлики. Сега, надежите драстично се намалија.

foto voria.gr

Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите