Рокенрол ѕвездата се откажа од американското државјанство!
Објавено во: Стил
14 Ноември, 2013 19:32
Добивај вести на Viber
Позната американската поп пејачка Тина Тарнер, се откажа од американското државјанство. Таа 20 години веќе живее во Швајцарија, појаснува весникот „Вашингтон Пост“ кој повикувајќи се на извештај од американската амбасада во Берн, пишва дека рокенрол ѕвездата во октомври ја потпишала декларацијата со која побарала да се откажеа од американското државјанство.
Според весникот, Тарнер изјавила дека повеќе нема врска со САД, дури ни семејна, и дека нема намера да се врати да живее во Америка.
Ѕвездата која сега има 73 години е мажена за две децении помладиот германски продуцент Ервин Бах. Таа доби швајцарско државјанство на почетокот на годинава.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: