15 Декември, 2025
0.1016

РОКОТ Е ШЕСТ МЕСЕЦИ, ПОТОА ЌЕ ВАЖАТ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Датум за старт на новите правила за влез во ЕУ, се уште не е познат

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2025 12:09

Добивај вести на Viber

Претставници на полското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа договор околу Предлог-регулативата за управување со границите, со што ќе им се овозможи на земјите членки постепено да почнат да го воведуваат дигиталниот Систем за контрола на влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на Шенген зоната. 

- Благодарение на овој договор, земјите членки ќе можат да го користат новиот систем за управување со границите со регистрација на влезот и излезот во Шенген зоната на државјани кои не се членки на ЕУ. Ова е добра вест и ќе ги поддржи нашите напори да ги одржиме нашите граници безбедни, изјави полски министер за внатрешни работи и администрација Томаш Сиемонијак. 

Претставничката на ЕП, белгиската европратеничка Асита Канко оцени ЕЕС системот претставува важен чекор кон обезбедување на надворешните граници на ЕУ и ќе им овозможи на патници кои легално влегуваат во Шенген зоната да не се соочуваат со непотребни пречки. 

- Работевме на новото законодавство со максимална брзина и обезбедивме пореален распоред за започнување на ЕЕС, за да се овозможи системот да се воспостави што е можно поскоро. Сега ги повикуваме земји членки да ги завршат своите подготовки и да потврдат дека се подготвени, за да може сериозно да започне воведувањето на ЕЕС, рече Канко. 

ЕЕС е систем кој дигитално ќе ги евидентира секој влез и излез во Шенген зоната на граѓаните на трети земји на кои не им се потребни визи за краток престој до 90 дена во ЕУ, вклучително и на македонските државјани.

Унгарија, од задутре, 15 јули, воведуваа нови ограничувачки мерки долж своите граници заради зголемените случаи на коронавирус во некои од земјите, јави шефот на кабинет на премиерот Виктор О

Според овој нов систем, граничните службеници ќе ги скенираат отпечатоците од прсти на лицата кои ја преминуваат границата за прв пат, ќе ги фотографираат и ќе ги евидентираат нивни податоци од пасошот. Овие информации ќе се чуваат во дигитална датотека, што ќе овозможи точно да се знае кој кога влегол во Шенген зоната со странски пасош и кој евентуално останува подолго од дозволените 90 дена. 

- Благодарение на овој систем, земјите од ЕУ во реално време ќе имаат пристап до личните податоци на државјаните на трети земји, историјата на патувања и информациите за тоа дали тие се придржуваат до одобрениот период на престој во Шенген зоната. Како резултат на тоа, ЕЕС значително ќе ја намали веројатноста за измама со идентитет и пречекорување на дозволениот престој, информира Советот на ЕУ. 

Според планот за етапно воведување на ЕЕС, земјите членки во првиот месец по стартувањето на системот ќе бидат должни да регистрираат најмалку 10 отсто од лицата од трети држави кои ја минуваат границата. Дополнително, во првите 60 дена земјите членки ќе можат да го користат ЕЕС и без земање на биометриски податоци. 

По три месеци, ќе мора да бидат регистрирани најмалку 35 отсто од лицата што ја минуваат границата, вклучително и со нивните биометриски податоци, а по шест месеци треба да започне целосна регистрацијата на сите државјани на трети земји што влегуваат или излегуваат од Шенген зоната. 

Европската унија планира да ги укине мерките за контрола на границата во Шенген зоната во наредните 30 дена, тврди германскиот весник „Ханделсблат“.

Во текот на овој шестмесечниот транзициски период, граничните полицајци ќе продолжат да ставаат печати за влез и излез во патните документи, а по целосното воведување на ЕЕС, ваквата практика ќе престане. 

Датумот за старт на пробниот период ќе биде одреден со посебна одлука на Европската комисија, по стапувањето во сила на Регулативата. 

Постигнатиот договор по Регулативата сега треба да биде и формално одобрен од Советот на ЕУ и од Европскиот парламент, согласно нивните внатрешни процедури. 

Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ уште во октомври 2023 година донесе одлука за целосно воведување на ЕЕС системот од крајот на 2024 година. Но, бидејќи овој рок не можеше да биде исполнет, меѓу другото и поради загриженост дека неговото целосно стартување одеднаш би можело да претставува ризичен фактор за отпорноста на ИТ системот, Комисијата лани во октомври предложи постепено воведување на ЕЕС, за кое сега се согласија Советот и ЕП. 


Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани