28 Ноември, 2024
0.0435

Рокот измина, а „Чебрен“ чека во фиоките на Животна средина

Објавено во: Економија 19 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Иако беше најавувано дека договорот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ на Црна Река ќе се оствари до крајот на првата половина од 2023, од Министерството за животна средина се уште нема одговор дали капиталниот проект ќе го реализира грчката компанија ППС, која уште на почетокот на септември лани достави единствена потполна понуда.

„Би сакале да Ве известиме дека рокот за избор на најповолен понудувач за реализација на  Проектот за изградба на хидроелектрични централи на Црна река согласно последните измени и дополнувања на Одлуката  Сл. Весник 97/23 е до 21 јули 2023 год. Имено согласно тоа до овој рок тече постапката за избор и достава на Информација од страна на Комисијата до Владата на РСМ.  Во тек е изработка на Информацијата со  Извештај  до Влада на РСМ, за што ќе бидете информирани“, гласи одговорот од министерството кој го добивме, а од кој може да се заклучи дека постојано има нови наметнати рокови и дека се уште не е ниту дефинирано дали понудата на ППС за јавно-приватно партнерство е прифатлива.

Во септември за една од понудите на компнијата ЕДФ Франција, Комисијата утврдила дека е со непотполна документација и нема да продолжи понатаму во процесот на евалуација, додека понудата на грчката ППС требаше да биде разгледувана во следните 60 дена, по што беше предвидено да се доставо извештај до Владата. Беше кажано дека од приватниот партнер се очекува да инвестира над 550 милиони евра, да добие концесија за вода од 60 години, а изградбата да трае до 2028 година. Хидроцентралата е проектирана со 333 мегавати минимум инсталирана моќност, а првото производство се очекува од 2029 година.

Во изминатите 20 години имаше 13 неуспешни обиди за овој каскаден систем. Проектот ќе се изведува преку јавно-приватно партнерство, а јавниот партнер ќе биде ЕСМ. Изборот на компании заинтересирани да го градат ХЕЦ „Чебрен“ започна во јануари 2020 година. Локацијата на хидроцентралата се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечена е 81 километар спротиводно од нејзиното устие во Вардар.

ЕСМ, како јавен партнер, ќе треба да изгради пристапен пат до хидроелектраната, поврзување со трафостаница и ќе ја понуди ХЕЦ „Тиквеш“, во состав на ХЕЦ „Чебрен“, бидејќи припаѓа на исто сливно подрачје.

Стопанската комора на Северна Македонија во мај побара побрза реализација на проектот „Чебрен“ како една од точките упатени до државата за итна помош на економијата преку енергетиката. Бизнисот смета дека со овој капитален проект ќе се постигне баланс во производството на електрична енергија синхронизиран со инвестициите во изградба на фотонапонски централи.

„Значаен систем за складирање на вишокот електрична енергија од фотоволтаици во иднина ќе биде хидроелектраната Чебрен, која како реверзибилна хидроелектрана ќе ја користи електричната енергија од евтините часови за пумпање вода во горниот басен, од кој потоа би се произведувала енергија во часовите на повисока побарувачка. Од тие причини потребно е да се дореализира постапката за капиталниот проект Чебрен, кој во секој случај ќе биде решение по подолг рок, односно по неговата изградба“, гласеше една од точките на бизнис-комората.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места