Рокот од 60 дена за избори е истечен, тврди Јанушев
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Мај, 2020
Рокот од 60 дена за избори е истечен и спикерот Талат Џафери треба да одреди нов датум.
Со ваков став денеска излегоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, денеска на прес-конференција излезе со различно толкување на изборните рокови, како и со став дека претседателот на Собранието Џафери треба да донесе ново решение за датум за избори.
„Многу е релевантно прашањето во однос на 60 дена рок за одржување на изборите од распуштањето на Собранието и мора да признаеме дефакто дека тој рок истече бидејќи Собранието се распушти на 16 февруари, 60 дена истекуваат негде на 16 април односно неколку дена после денот на кој што требаше да се одржат изборите. Се наоѓаме во една ситуација во која што поради вонредната состојба, поради криза со коронавирусот едноставно и поинаку не можеме да постапуваме“, вели Јанушев.
Вчера на лидерската средба немаше договор за датум за избори.Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека избори може да имаме на 21 јуни.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека здравјето на граѓаните е најважно и затоа да не се брза со избори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.