Романија бира претседател, Понта потенцијален победник ?
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2014 10:50
Граѓаните на Романија денеска гласаат на претседателски избори, на кои најмногу шанси за победа има премиерот Виктор Понта, но не и доволно за победа во првиот круг.
Во првиот круг учествуваат 14 кандидати, а за премин во вториот круг најмногу шанси покрај Понта има градоначалникот на градот Сибиу, Клаус Јоханис.
Анкетите покажуваат дека Понта, претседателот на Социјалдемократската партија во првиот круг ќе освои 40 одсто од гласовите, а во вториот 55 одсто, додека Јоханис би освоил 29 одсто во првиот круг и 45 одсто во вториот круг.
Досегашниот претседател Трајан Башеску повеќе нема право да се кандидира, но иако Уставото тоа му го забранува непрестано учествуваше во предизборната кампања и остро го напаѓал Виктор Понта а ја фалел Елена Удреа.
Меѓутоа победата на Понта не е извесна, бидејќи освен него и поранешниот премиер Калин Попескуа Тарричеану (2005-2009), кој исто сака да го собори Башескувиот режим, сите останати кандидати се блиски на претседателот кој си заминува.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




