15 Декември, 2025
0.0336

РСБСП со апел до возачите: Внимавајте на велосипедистите

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2019 11:08

Добивај вести на Viber

Најавувајќи го доаѓањето на пролетта, топлото време и високите дневни температури ги „мобилизираа“ и велосипедистите. Добрите временски услови овозможија зголемување на бројот на велосипедисти во сообраќајот. Иако има „јунаци“ кои велосипедот го користат во текот на целата година, сепак најголем број од љубителите на велосипедот, со нетрпение ги очекуваат пролетните денови кога го оставаат автомобилот и ослободени од гужвите и нервозите во сообраќајниот метеж, со задоволство ќе свртат едно кругче низ град со својот „миленик“. Додека љубителите на велосипедот се помалку или повеќе возбудени поради можноста да уживаат во пролетното возење, на возачите секогаш како да им треба уште малку време да се навикнат на  зголемениот број веелосипедисти во сообраќајот.

Водејќи се од тоа, РСБСП со практични совети до возачите и со потсетување на одредбите од ЗБСП што се однесуваат на возачите на моторни возила кон велосипедистите:

·  Велосипедистите се рамноправни учесници во сообраќајот и треба да ги почитувате како и останатите моторизирани и немоторизирани учесници во сообраќајот;

·  Пролетта е дел од годината кога значително се зголемува бројот на велосипедисти учесници во сообраќајот. Биди внимателен возач и внимавај на велосипедистите во сообраќајот;

·  Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или да паркира возило на велосипедска патека, односно лента и на премин на велосипедска патека преку коловозот, како и на оддалеченост помала од десет метри од преминот;

·  Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да го запре или да го паркира возилото на место на кое би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или пречка за движењето на  велосипедистите;

·  На посебно уредена сообраќајна површина, наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават возила кои заради оштетеност, односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп-приколки) и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот;

·  Возачот кој при свртување на возилото пресекува велосипедска патека или лента, должен е да ги пропушти велосипедите, велосипедите со помошен мотор, мопедите, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента. Не почитување на оваа законска одредба се санкционира со парична казна во износ од 300 евра во денарска противвредност;

·  Возач кој се движи со возило по коловоз на која има вода, должен е да го приспособи возењето да не ги прска пешаците, возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

РСБСП упатува апел до возачите: Велосипедот е економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на мобилност. Го намалува сообраќајниот метеж, бучавата и загадувањето. Секој велосипед заменува едно возило. Велосипедот нема воздушни перничиња и е многу послаб и инфериорен во однос на моторното возило, во случај на сообраќајна незгода. Затоа, биди внимателен возач, почитувај ги велосипедистите и чувај ги од повреди и загуби. 

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија