05 Декември, 2025
0.0299

Рубен Корубин: сликарски великан на емоциите со своја јубилејна изложба

Објавено во: Стил 09 Октомври, 2019 17:43

Добивај вести на Viber

Големиот македонски сликарски мајстор, Рубенс Корубин, академски уметник на врвот на македонското современо сликарство, со неверојатен осет за емоција и деликатна визија, ја претстави својата јубилејна изложба во „Чивте амам“ насловена како „Ателје, радоста на сликањето“. 

Преку ова, тој одбележува и 70 години живот и 45 години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград. Местото на одржувањето беше премало да ги собере сите негови обожаватели и пријатели но и сите негови раскошни дела кои ги создавал низ годините. Точно се осети дека на луѓето им треба ваков тип на уметност, а Корубин несебично тоа го сподели со нив. 

Ведар и насмеан, среќен и полн со животен елан се обрати пред присутните, а за него убав пригоден збор кажаа и министерот за култура Хусни Исмаили, Д-р Кирил Пенушлиски и Дита Керими- Старова, директорката на просторот. Во публиката беа и неговото семејство и сопругата Лиле, вечната муза на уметникот, чија убавина се распостила на дел од сликите.

Машки Магазин доловува повеќе од атмосферата на јубилејната изложба.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: