Рудникот „Саса“ го намалува бројот на вработени?
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2025 11:08
Сопствениците на рудникот „САСА“ вчера понудиле 33 пакети за вработените за спогодбено да заминат од компанијата со исплата на отпремнини согласно закон.
Ваквиот потег на раководството следува поради политика за штедење поради зголемени трошоци и економска криза. Планот е бројот на вработени да се намали значително, односно уште најмалку 100 луѓе да останат без работа до крајот на месецот, пред се администрација во рудникот и вработени во техничките служби.
Неофицијалните инфомрации кои кружат меѓу вработените и во регионот на Македонска Каменица и Делчево се дека бројката од 100 луѓе ќе се удвои, односно дека рудникот планира значително намалување на бројот на вработени за да заштеди средства, информира Инфомакс.
Претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство, Игор Ѓерасов, за Инфомакс вели дека според информациите кои ги добил од колеги членови на синдикатот во рудникот, раководството информирало дека отказите ќе се делат пред се на административни и технички служби, додека бројот на јамски работници нема да се намали.
Во врска со шпекулациите дека повеќе од 100-200 лица ќе останат без работа, Ѓерасов вели дека доколку пак се започне со масовни отпуштања ќе следи остра и навремена реакција од Синдикатот.
Можеби ќе ве интересира
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот




