Румен Петков: Северна Македонија значи Пиринска Македонија
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2018 10:47
Северна Македонија значи Пиринска Македонија, а тоа не остава впечаток на бугарските институции, на Народното собрание ... Северна Македонија е потенцијална територијална претензија кон нас. Ова е мислењето на лидерот на АБВ, Румен Петков, кое го искажал во емисија на "Здраво, Бугарија", пренесува сајтот бугарски вести.
Според него е несериозно да се остават преговорите за името на државата само на Грција и Македонија, ако дојде до потпишување на договорот, по последните скандали по прашањето.
Се започна со договорот меѓу премиерите на Грција и Македонија, кој предвидува земјата да се вика Република Северна Македонија.
Румен Петков ова го опишал како "ставање на Бугарија во деликатна позиција".
„Ние сме првата држава што ја призна Македонија (15 јануари 1992 година). Ова не значи дека треба да демонстрираме бескрајна форма", рекол политичарот, осврнувајќи се на отсуството на реакција од Бугарија за одлуката Македонија да се преименува како "Република Северна Македонија".
Во дводневната посета на соседна Бугарија , претседателот Ѓорѓе Иванов не успеа да се сретне со бугарскиот премиер и министерката за надворешни работи кои како што беше кажано, токму поради однесувањето на Иванов ја откажаа средбата со него.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




