РУСИЈА ГИ ПОБИВА ТВРДЕЊАТА НА САД: Нема траги од хемиско оружје во базите во Сирија

Објавено во: Свет 08 Април, 2017 20:49
Десетици луѓе биле на воениот аеродром Шаjрат во Сирија по нападот од страна на САД, но не беа пронајдени траги од хемиско оружје.
Ова го изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
„Областа беше посетен од воени лица, полицајци и пожарникари, претставници на медиумите, но не се откриени магацини за хемиско оружје. Освен тоа присутните не носат маски и се чувствуваат сосема нормално“, рече тој.
„На овој начин се поставува прашањето: кој и зошто проговори за такви докази?“, праша генералот.
Тој посочи дека и САД молчат за вистинитоста на тврдењето за хемиско оружје во базата.
„Единствениот начин да се добие објективна информација, е да се истражува присуството на хемиско оружје на аеродромот, така што ќе се користи специјална опрема за земање мостри, и ќе се изврши подоцнежна научна анализа. Исто како што направија руските експерти во Алепо“, рече Конашенков.
Претходно денеска претседателскиот прес секретар Димитриј Песков, изјавил дека Москва гледа на нападот на САД како „агресија против суверена држава“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нарече оваа акција „акт на агресија под лажен изговор“.
Можеби ќе ве интересира
ИМА САМО 15 ГОДИНИ: Момчето кое избоде ученици во Франција испратило писмо долго 20 страници

(ВИДЕО) СРЕДБАТА НЕ БЕШЕ НАЈИДЕАЛНА: Зеленски ја коментираше расправијата со Трамп во Овалната соба

ДАНСКИ АВАНТУРИСТ ПОСЕТИ 203 ДРЖАВИ: Подвигот го направи без да користи авион

ИДЕЈА НА РУСИЈА: БРИКС може да создаде алтернатива на Меѓународниот кривичен суд

ИМАЛО 300 ПОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ: Турците ноќта ја поминаа во паркови, се очекува силен земјотрес

ВЛАСТА ПАЛЕШЕ ЗАПЛЕНЕТ КАНАБИС, А 25 ИЛЈАДИ ТУРЦИ НЕСАКАЈЌИ СЕ „НАПУШИЈА“ - вртоглавици и халуцинации кај жителите на Дијарбекир
ШТО МУ ДОНЕСОА СТОТЕ ДЕНА МИНАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА НА ТРАМП? Стана најнепопуларен американски претседател
