20 Декември, 2025
0.0894

Русија го намалува производството на нафта

Објавено во: Економија, Свет 22 Декември, 2014 12:37

Добивај вести на Viber

Руското министерство за енергетика ќе ја разгледува можноста за намалување на производството на нафта како резултат на актуелната економска криза што ја зафати земјата. Ваквата информација ја истакнал министерот за енергетика, Александар Новак во изјава за весникот „Комерсант“. „Се очекува наредната година производството на нафта да достигне 525 милиони тони. Генерално Министерството не го отфрла ризикот  поради актуелната економска ситуација да се намали производството“, рекол Новак. Според него намалување на производството ќе има на поголем број нафтени полиња, а зголемување на вадењето црно злато се очекува да има на полињата „Приразломное“, „Имилроское“, „Требс“ и „Титов“. Осврнувајќи се кон санкциите на Западот, Новак рекол дека сега кога некои странски партнери ги напуштаат руските проекти против своја волја поради санкциите, Русија мора да реши два проблеми односно да бара нови партнери за експлоатација на полињата и да работи на измени на технологијата. Тој рекол дека кинеските и индиските компании покажале голем интерес за соработка на руските нафтени полиња. „Што се однесува до технологијата, идентификувани се области на приоритет за замена на увозот“, рекол Новак, пренесува „Спитник“. Санкциите на Западот кон русија особено целат кон секторот енергетика ограничувајќи го извозот на технологија за експлоатација на нафта од длабоките води на Арктикот како и за преработка на нафта од шкрилци.  

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба