19 Декември, 2025
0.0901

Русија и САД во трка за Кина

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2014 12:35

Добивај вести на Viber

Самитот на земјите-членки на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка во Пекинг ги собра некои од најголемите светски лидер, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин и американскиот Барак Обама. Во моментот кога меѓу Москва и Вашингтон тлее нова Студена војна заради случувањата во Украина, очигледен е обидот на двете страни да се доближат до Пекинг. Така, Путин посетата на Кина ја започна со склучување на нов вреден енергетски договор со кој Кина ќе стане најголем увозник на руски гас во светот. Вредноста на мега-договорот се проценува на околу 400 милијарди евра. Меѓу Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг постои силна врска на пријателство, а и двајцата во САД гледаат голема империјалистичка сила, која се меша во работите на другите, сметаат аналитичарите. Наспроти ова, Обама побрза на Кинезите да им понуди либерализација на визната политика, а потпиша и договор за заемно намалување на царинските давачки за информатичка технологија. Ова досега беше жешко прашање за американско-кинеските односи, кое стигна и до спор пред Светската трговска организација. Американските односи со Кина се доволно сложени и без триаголникот со Русија. САД, како сила која веќе воспостави доминација и Кина, како сила која тукушто покажува претензии кон регионот, постојано си ги одмеруваат силите. Но, официјално, и Обама и Кси велат дека се залагаат за подобрување на односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Но, за да се реализира ова Кина има еден услов - САД да ја гледаат како рамноправен партнер.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја