04 Мај, 2024
0.0238

Русија и Украина отвораат нов фронт-трговски!

Објавено во: Колумни 26 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Од 1 јануари 2016 година се отвора нав фронт меѓу Русија и Украина. Не, не станува збор за нов воен фронт, иако некои поранешни украински генерали повикуваат на војна за „ослободување“ на Донбас. Овој пат станува збор за трговски фронт! Идвете држави се одлучија да воведат санкции една против друга. Русија од причина што Украина од тој датум ќе се приклучи кон Зоната на слободна трговија со Европската унија и кон санкциите што досега се воведени кон Русија од страна на Западот. Украина пак ќе воведе контрамерки, како одговор на руските санкции. Украина досега имаше договор за слободна трговија со Русија и Евроазискиот економски сојуз(ЕАЕС).

Што предвидуваат новите руски мерки? Во прв ред воведување на царини за украинските производи кои досега беа извезувани без плаќање царини. Сега Украина ќе има статус на повластена нација во трговијата со Русија и членките на ЕАЕС. Тоа значи наместо ослободување од царински давачи таа ќе плаќа царина по некоја повластена стапка. Исто така Русија воведува и ембарго на прехранбени производи. Исто како што воведе кон државите кои ги поддржаа западните санкции кон неа. Во август годинава такви мерки беа преземени од страна на Русија кон Исланд, Норвешка, Црна Гора, Лихтенштајн и Албанија. Беше воведена забрана за увоз на земјоделски производи, суровини и прехранбени производи.

Контрамерките на Украина се идентични и тие, освен приклучувањето кон западните санкции во однос на Русија сега предвидуваат забрана за увоз од Русија на прехранбени производи. Украина не го признава и државниот долг кон Русија во висина од над 3,5 милијарди долари, од кои три милијарди се украински обврзници чиј рок на исплата доспеа минатата недела. ММФ потврди дека станува збор за државен, а не за комерцијален долг и не може да подложи на реконструкција, доколку за тоа не се договорат двете држави. Инаку на Украина со помош на ММФ веќе и се реконструирани комерцијални долгови од десетина милијарди долари со дисконт од 20 проценти. Овде е интересно да се каже дека ММФ неодамна донесе одлука да може да поддржува земји кои се банкрот, што не било случај досега. Многумина велат дека ова е политичка мерка на Фондот, бидејќи се знаеше дека Русија ќе ја прогласи Украина банкрот и тогаш последнава не ќе можеше да смета на помош од ММФ. Овде се поставува и прашањето што ќе беше со Грција, доколку ваква одлука се донесеше и за време на преговорите со неа?

Во поглед на овие пари работите се такви, што Русија реши да ја тужи Украина поради невраќањето на долгот. Украинците се чини се согласни да се тужат. Кога не им успеа да докажат дека долгот од три милијарди долари е комерцијален, сега ќе купуваат време со судови. Тие сметаат дека на суд би можеле да докажат дека руските пари биле „политички“ и дека треба да ги враќа оној кому му биле дадени и кој што бил тогаш на власт.  До одлуката на судот Украина нема намера на Русија да и врати ниту долар од крдитот, се разбира до долуката на судот или доколку во меѓувреме двете страни не постигнат некој договор кој би ги задоволил двете страни. А таков предлог имаше. Владимир Путин на Самитот на Г-20 во Анталија на своите колеги од западните земји, пред се САД, им понуди исплата на кредитот на три годишни рати, под услов тие да се јават како гаранти за таквата работа. Никој не прифати. Па сега ќе одлучува судот.

Но, како и да е сегашниот развој на настаните околу и во Украина е логичен. Кога се пропушти шансата во 2014 година да се постигне трипартитен договор меѓу ЕУ, Русија и Украина не ни можеше да се очекува нешто друго. Тогаш Европската Унија ја стави Украина пред свршен чин. И рече, бирај меѓу нас и Руската Федерација. Русија пак настојуваше на некаков договор меѓу трите страни. Тогашниот претседател Виктор Јанукович се определи за Русија и трите милијарди долари кредит, кои им беа дадени на Украинците во замена на нивни државни обврзници.

И оттогаш почнаа сите работи на кои сме сведоци до ден денес. Околу 8.000 загинати во борбите на истокот на Украина. Стотина убиени во протестите во Киев и четириесетина во Одеса. Сите тие се положени на олтарот што го изгради Европската Унија. Ако тогаш таа беше малку повеќе далекувида сигурно работите денес немаше да бидат такви какви што се. Украина е се уште корумпирана држава, под речиси целосен протекторат од Запад, Држава во која голем дел од територијата е во рацете на проруските сили во таа земја и без Крим. Го имаа ли предвид сето тоа европските бирократи и преговарачи во 2014 гоидина. Ги проанализираа ли последиците од нивното однесување?

Воведувањето на санкциите кон Украина и укинувањето на бесцаринската трговија сигурно ќе се одрази врз вкупното економско работење на таа земја. Иако, премиерот Арсениј Јацењука, вели дека, ако на рускиот пазар пред три години пласирале 35 проценти од својот вкупен извоз, сега е намалено на 12 проценти. Демек, успеале да се префрлат на други пазари.  Од друга страна Русија вели дека стоковната размена меѓу двете земји паднала за 70 проценти од 2011 година наваму, а што се однесува до некои украински стоки, Русите сметаат дека ќе ги снабдуваат од други пазари. Тие велат дека Украина ќе настрада повеќе од санкциите отколку Русија.

Инаку пред донесувањето на одлуката Украина да се приклучи кон Зоната на слободна трговија на ЕУ, со Русија беа воден трипартитни разговори. Но тие се покажаа неуспешни. Некаде не попуштаат Русите, некаде не сакаат да попуштат од ЕУ. А сите знаеја дека епилогот од приклучувањето на  Украина кон Зоната на ЕУ, ќе значи и нејзино исклучување од Зоната на слободна трговија во Евроазискиот економски сојуз. Ако треба, Русите ќе бараат илјада начини  само да не дозволат Украина да се најде на пазарот на тој Сојуз без плаќање царини. Тие се плашат дека доколку Украина има таков статус, тогаш на рускиот пазар би се нашле производи од ЕУ внесени без царина и со тоа би се нарушила конкуренцијата на пазарот.

ЕУ објави шест „митови, кои според неа и не се тоа, ама Русија ги пласира. ЕУ се обидува да демантира повеќе руски тврдења, но работите не одат како што тие сакаат. На пример, дека Русија може сама да влијае врз царинскиот режим во Зоната на слободна трговија во ЕАЕА, бидејќи правилата на таа организација не го дозволуваат тоа, ама Русија си зема право да ги менува. Па така веќе ги укинала префренцијалите кон Молдавија и Украина. Потоа „мит“ било и барањето на европските власти украинските стоки да одговараат на стандардите на ЕУ, што според Русија ќе ги истурка руските стоки од украинскиот пазар, иако и досега Украина преминала на европски стандарди,а тоа не се одразило на руските стоки. „Мит“, според ЕУ е и тврдењето на Русија дека Унијата сака да ја натера да ги промени царинските правила за Украина со што европски стоки би се реекспортирале на рускиот пазар, без да се плати за нив царина, и т.н. и т.н. ЕУ потајно очекува дека нешто ќе се случи и Русија ќе се откаже од санкции и другите мерки против Украина.

Како ќе се развиваат работите? Во прв ред ќе треба да се види нивното дејство врз двете економии. Ама како што тргнале работите може да се борува само за нивно заострување. Никој како да не гледа какви се состојбите внатре и во Украина и во Русија. Економиите на двете земји се во лоша состојба. А да не зборуваме за спроведувањето на Минските договори. Така што место за оптимизам засега нема.

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина