Русија ќе одговори на новите санкции на САД
Објавено во: Свет 13 Декември, 2014 12:14
Русија ќе одговори на новите санкции на Соединетите Американски Држави, порача денеска заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков откако американските законодавци го усвоија законот за воведување на додатните санкции за Русија.
„Нема сомневање дека нема да го оставиме ова без одговор“, рекол Рјабков за руската агенција Интерфакс.
Тој рекол дека за усвојување на нацрт законот се виновни „антируските расположенија“ во САД.
„Ние секако дека сме загрижени поради расположението на Капитол Хил“, рекол Рјабков, пренесува АФП.
Според зборовите на руските дипломати, усвојувањето на нацрт законот во двата дома на Конгресот ги гледаат како уште една демонстрација на антируските расположенија и се обидуваат да им диктираат одлуки кои за нив се категорички неприфатливи.
Рјабков додал дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе го разгледа тоа прашање со американскиот државен секретар Џон Кери кога ќе се состане со него во Рим во понеделникот.
Американскиот Конгрес вчера го усвои нацрт законот со кој се предвидува воведување на додатни економски санкции за Русија и истовремено овластување на претседателот Барак Обама да испрати смртоносна и несмртносна воена помош за Украина вклучувајќи антитенковско наоружување и муниција.
Законот стапува на сила откако ќе го потпише претседателот Обама.
Оваа одлука пред се го погодува рускиот воен и енергетски сектор бидејќи овозможува воведување на санкциите на големите руски компании, меѓу кои е Гаспром и Рособоронекспорт.
Така да кажеме, одлуката му налага на Обама да воведе санкции на рускиот гигант Гаспром во случај да ја „намали количината на гас на земјите на НАТО, но и на Украина, Грузија и Молдавија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




