20 Декември, 2025
0.0492

Русија ќе одговори со „контрасанкции“ за САД и Канада

Објавено во: Економија, Свет 20 Декември, 2014 13:03

Добивај вести на Viber

По новите санкции што ги спроведоа САД и Канада русија ќе разработи возвратни мерки, изјавил претставникот од руското министерство за надворешни работи на Русија, Александар Лукашевич. „САД и Канада се уште не може да ги прифатат резултатите од слободното изразената волја во Крим и Севастопол“, рекол рускиот дипломат, пренесува „Тасс“. Според Лукашевич новите санкции за руските претставници се на различни нивоа но исто така прошитена е и забраната на нормалната економска соработка. „Нашиот совет до Вашингтон и Отава е да размислат за последиците од таквите акции. Во меѓувреме ние ќе разработиме контрамерки“, додал Лукашевич. Најновата рунда санкции на САД и Канада според Москва ги загрозуваат напорите за решавање на кризата во Украина, соопштило руското министерство за надворешни работи, пренесува „АФП“. „Санкциите се насочени кон попречување на политичкиот процес“, се додава во соопштението. Канада во петокот соопшти дека воведува дополнителни санкции за Русија, кои вклучуваат и рестрикции на извозот на технологија која се користи во нафтената и гасната индустрија. Претседателот на САД, Барак Обама, потпиша закон со кој се одобрува новиот сет санкции за Русија, но, како што истакна, не планира, за сега, да ги применува каснените мерки кои се наведени во документот, кој пред неколку дена беше усвоен од страна на Конгресот.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба