Русија: На санкциите ќе одговориме со реципроцитет
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2015 13:55
Прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, оценил денес дека санкциите на Европската унија кон Русија се неосновани и нелегални, а дека Русија на нивното продолжување ќе одговори по принцип на реципроцитет.
„Повеќе пат рековме, основата на нашиот пристап во размената на санкциите е принцип на реципроцитет“, рекол Песков.
Тој рекол дека Русија никогаш не била и не е иницијатор на мерките на санкциите“, пренесуваат руски медиуми.
Таа пракса, како што рекол, им штети на интересите не само на учесниците во економските активности во Русија, туку и европските земји и нивните даночни обврзници.
Песков не можел да одговори дали е случаен подударот дека одлуката за продолжување на санкциите е донесена на 22 јуни , на годишнината од нападот на Германија на СССР.
Секретарот на Путин предложил вакво прашање да им се постави на челниците на ЕУ.
Руската агенција ТАС потсетува дека денес Советот на ЕУ на ниво на шефовите на дипломатиите го продолжиле важењето на економските санкции на Русија за шест месеци, до 31 јануари 2016 г.
Западните земји од март 2014 година веќе неколку пати воведуваа санкции на Русија поради позициите кон Украина, а последен пат тоа го направиле САД во март годинава.
Санкциите подразбираат ограничувања во областа на кредитирања на клучни државни руски банки, нафтени и компании од наменска индустрија.
Покрај тоа Брисел воведе ограничување на испораките во Русија на оружја, воени техники, високи технологии, и технологии за добивање нафта.
Мерките на ограничување не се однесуваат на руската гасна економија, наведува ТАС , додавајќи дека одговарајќи на постапките на ЕУ, Русија вовела контрамерки.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




