18 Декември, 2025
0.3721

Русија очекуваше раст од 2.5 отсто, но сепак ќе биде помал

Објавено во: Економија 28 Август, 2025 07:07

Добивај вести на Viber

Растот на БДП на Русија ќе биде најмалку 1,5 отсто во 2025 година. 

„Економскиот раст на Русија во тековната година ќе изнесува најмалку 1,5 проценти, и покрај рестриктивната монетарна политика“, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Силуанов додаде дека избалансираниот буџет за периодот од 2026 до 2028 година создава основа за евентуално олабавување на мерките на Централната банка, што би отворило простор за дополнителна поддршка на клучните гранки на економијата, објавува Комерсант.

Според најновите податоци од Министерството за економски развој, БДП во првата половина од 2025 година се зголемил за 1,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Официјалната прогноза на тој оддел предвидува раст од најмалку 1,5 проценти на годишна основа, додека Централната банка очекува помеѓу еден и два проценти.

Во пролетната проценка на Министерството се предвидуваше многу побрз раст од 2,5 проценти. Аналитичарите анкетирани на почетокот на август очекуваат руската економија да порасне за 1,4 проценти во 2025 година и 1,7 проценти во 2026 година. Меѓународниот монетарен фонд неодамна ја намали својата прогноза за следната година на 0,9 проценти, од претходните 1,5 проценти, пренесува Бизнис.рс.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа