05 Декември, 2025
0.0573

Русија ветена замја за Французите!?! По Депардје и Брижит Бардо ќе бара руско државјанство

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2013 16:15

Добивај вести на Viber

Славната француска актерка Брижит Бардо ќе побара руско државјанство, но не за да избега од плаќањето данок како Жерар Депардје, туку за да спаси два слона, пренесоа француските медиуми. Реакцијата на актерката доаѓа по одлуката на Управниот суд од Лион да ја потврди еутаназијата на два 42 годишни слонови Непал и Баби заболени од туберколоза. И двата слона се сопственост на циркусот Пандер, но беа позајмени на зоолошката градина во Лион. Во меѓвреме борците за права на животните, побараа дури и од Претседателот да ги помилува  двата слонови, но поради ризиците за пренесување на болеста туберколоза од животните на луѓето, судот го одби ова барање. Затоа, денеска актерката Брижит Бардо преку кратко соопштение за јавноста изрази жалење за одлуката за судбината на Непал и Баби и покрај предлозите на нејзината фондација. „Ако тие кои ја поседуваат власта имаат кукавичлок и невнимание да убијат два слонови, јас донесов одлука да побарам руско државјанство со цел да ја напуштам оваа земја, која сега е само гробиште за животни“, пишува  Бардо.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: