РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2024 20:31
Руски активист загина во Украина, борејќи се на страната на Киев.
Илдар Дадин, познат руски опозициски активист кој се борел на страната на Киев, е убиен во акција, според групата што го регрутирала.
Портпаролката на групата за Би-Би-Си потврдила дека Дадин е убиен и додала дека „тој бил и останува херој“.
Војниците од неговиот волонтерски баталјон, Легијата на слободата на Русија, биле нападнати близу Харков.
Илја Пономарев, руски опозициски политичар во егзил, кој претходно се поврзуваше со Легија, изјави за Би-Би-Си дека е сигурен дека Дадин е мртов.
Дадин стана познат во Русија пред една деценија по неговата упорност да организира мирни протести.
Тој беше првото лице кое беше обвинето според новиот закон од 2014 година, кој го прогласи за кривично дело постојаното кршење на сè порестриктивните правила за протести во Русија. Осуден е на две и пол години, а по доаѓањето во затвор, веднаш штрајкувал со глад.
„Не можам да седам настрана и да не правам ништо и на тој начин да станам соучесник на руското зло, неговите злосторства“, ја објасни Дадин својата одлука да им се придружи на руските доброволци кои се борат на украинската страна.
Toj e роден на 14 април во 1982 година во Московската област. На Википедија веќе е ажурирано дека починал на 5 октомври кај Харков. Загина на 42 години.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Инаку, руските доброволни корпуси кои се борат на страната на Украина правеа упади на руска територија. Нивниот став е дека се борат за Украина, затоа што сакаат промени во Русија, односно смена на власта.
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




