Русите ги продаваат имотите во Будва, Турците најголеми купувачи
Објавено во: Балкан 01 Август, 2018
Најбројните купувачи на недвижности на Црногорското приморје - Русите , се почесто ги продаваат своите имоти.
Според тврдењата на агенциите за недвижности, причините се од финансиска природа, односно со продажбата во евра добиваат поголема вредност на рубљи, но од друга страна се поголем интерес за купување на имоти покажуваат Турците, а по нив и Скандинавците.
Интересот на Русите за недвижности во Будва опаѓа, но затоа пак новата дестинација им е Бока Которска. Според податоци на Министерството за внатрешни работи, околу 4.500 државјани на Руската Федерација имаат постојан или привремен престој во Црна Гора. Додека пак, само во Будва, според општински податоци, има околу 3.600 недвижности во руска сопственост, пишува Слободна Европа.