19 Декември, 2025
0.0468

РУСИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Колку „тежи“ трговската размена меѓу членовите на БРИКС?

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2025 21:03

Добивај вести на Viber

Трговската размена меѓу членовите на групата БРИКС достигна еден трилион долари, објави денеска претставникот на рускиот претседател за меѓународна економска соработка и извршен директор на Рускиот фонд за стабилизација (РДИФ), Кирил Дмитриев.

„Ова значајно достигнување потврдува дека економските врски меѓу членовите се продлабочуваат и дека групата БРИКС игра сè поважна улога во преобликувањето на структурата на глобалната економија“, нагласи Дмитриев.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург извести дека вредноста на размената надминала трилион долари.

Според соопштението од состанокот на министрите за трговија на членките на БРИКС, одржан кон крајот на мај во Бразил, Бразил, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Кина, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија, Индија, Индонезија, Иран и Русија денес сочинуваат една третина од светскиот БДП и 24 проценти од меѓународната трговија.

Вредноста на трговијата меѓу членовите на БРИКС пораснала за 9,2 проценти годишно од 2008 до 2024 година, пресмета консултантската компанија „Андаман партнерс“ во извештај објавен на почетокот на јуни. 

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите