Руски бизнисмен објави документ кој ги открива плановите на Путин
Објавено во: Свет 04 Март, 2022 16:02
Се појави документ кој открива дел од планот на рускиот претседател Владимир Путин за Украина.
Рускиот бизнисмен и критичар на Путин, Михаил Ходорковски, објави документ кој покажува како Путин планира да вклучи руски резервни војници во војната во Украина. Наводно станува збор за наредба до раководителите на одделенијата за мобилизација, кои имаат рок до 20 април да ги проверат регистарските картони на резервистите. Во единиците за мобилизација мора да се појават резервни војници.
„Војната дојде во Москва“, напиша Ходорковски на „Фејсбук“.
Ходорковски претходно изјави дека само револуција ќе го собори Путин. Тој рече дека очекува Путин да продолжи да ги задушува протестите во Русија. Ходорковски стана еден од првите руски олигарси во 90-тите за време на претходникот на Путин, Борис Елцин, но заврши во затвор во 2003 година откога јавно се расправаше со Путин за борбата против корупцијата. Тој беше осуден за даночно затајување и измама. Ходорковски, некогаш најбогатиот Русин, помина десет години во затвор. Путин го помилува во 2013 година по што тој замина од Русија.Според францускиот претседател Емануел Макрон, допрва доаѓа најтешкото за Украина.
Британскиот сервис Би-Би-Си објави пет потенцијални исходи од војната во Украина.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




