Руски Газпром заинтересиран за ТЕЦ Неготино?
Објавено во: Економија 07 Декември, 2013 08:33
Не е исклучена можноста Газпром наскоро да влезе во Македонија и тоа во ТЕЦ Неготино, тврдат за Фактор доброупатени извори. Наводно според информациите, ова било и една од темите за кои разговарале премиерот Никола Груевски со првиот човек на руски Газпром Алексеј Милер, при неговата неодамнешна експресна посета во Скопје. Доброупатени извори за Фактор тврдат дека интерес на рускиот енергетски гигант за ТЕЦ Неготино постоел уште од 2005 година.
Споре нашите информации веќе од следната година се очекува почеток на изградбата на цевководот од Клечовце до Неготино. Носител на проектот е руската компанија „Стројтранс гас“ со што практично се оечкува заокружување на рускиот клириншки долг. Во оваа конотација наводно русите биле заинтересирани и за ТЕЦ Неготино.
Инаку, магистралниот гасовод во должина од околу 100 километри ќе се изведува како крак од постоечкиот гасовод кај кумановското село Клечовце, преку Штип и Неготино до ТЕЦ Неготино. Првичната финансиска конструкција изнесува 75 милиони долари, од кои 60 милиони долари се обезбедени од рускиот клириншки долг кон Македонија, а останатите 15 милиони долари од буџетот.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




