17 Декември, 2025
0.0607

Руски туристи „останаа“ во Грција – не можат да се вратат дома!

Објавено во: Балкан 04 Август, 2014 10:00

Добивај вести на Viber

Неколку илјади руски туристи останаа заглавени на грчките острови, откако ненадејно банкротира еден од најголемите руски туроператори „Лавиринт“. Туристите, од кои најголемиот дел биле сместени на островите Крф, Кос, Крит и Родос немаат како да ја напуштат земјата, а грчките угостители се жалат дека нема кој да ги покрие нивните трошоци. Се претпоставува дека бројката на блокирани туристи во Грција би можела да достигнува околу 11.000. Тие не можат да ја напуштат земјата затоа што нема кој да им го организира враќањето назад. Во различни земји во светот, пак, преку „Лавиринт“ летувале дури 25.000 туристи во моментов. Синоќа стотици руски туристи чекале на аеродромот на Родос без да знаат дали ќе бидат превезени до Русија. Од 2010 година бакротирале околу 20 руски туристички компании, како резултат на големата криза која го зафати овој сектор во Русија. Според податоците на руското Биро за статистика, во 2013 година бројот на руски туристи кои заминале на одмор во странство се зголемил за 19,3%. Во исто време, само 9% од Русите можат да си дозволат да патуваат надвор од земјата 2,3 или повеќе пати годишно, а дури 60% од руските граѓани никогаш не биле надвор од границите на некогашниот Советски Сојуз. Санкциите воведени од ЕУ годинава заради случувањата во Украина значително го намалија бројот на руски туристи во некои европски земји, од кои дел очекуваат пад на бројот на гостите од Русија за дури 30% во однос на лани.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни