Добивај вести на Viber
Кинезите се историски нај паметниот народ. Во походот кон власта Мао Дзудун користи воени тактики на Сун Цу, кој живеел околу 500 година пр. Христос. Конфучијанизмот, датира од речиси истиот период, останува во јадрото на кинеската јавна мисла покрај безмилосните обиди на Мао да ја потисне.
Значи кога претседателот Си Дзинпин ја лансираше својата иницијатива "Новиот пат на свилата" во 2013 година, никој не се изненади од историските препорачувачи, коментира Роберт Скиделски за онлајн изданието project-syndicate.org. "Пред повеќе од два милениуми", објаснува кинеската Комисија за национален развој и реформи "нај вредни и храбри луѓе на Евроазија ги проучувале и отвориле неколку правци на комерцијална и културна размена, кои ги поврзуваат најголемите цивилизации на Азија, Европа и Африка . Следните генерации ги нарекуваат овие правци Патот на свилата". Во Кина древната историја често се користи за поддршка на новата доктрина.
Новата доктрина е "мултиполарна" - идејата дека светот е (или треба да биде) изграден од неколку карактеристични полови на привлекување. Контрастот е со "униполарен" свет, доминиран од САД или Европа.
Мултиполарността е политичка идеја, но таа претставува нешто многу повеќе од односи на власта. Таа ја отфрла идејата дека има еден цивилизациски идеал, кој сите земји треба да го почитуваат. Различни региони во светот имаат различни приказни кои им дале на луѓето различни претстави за живот, управување и начин за заработка за живот. Овие приказни се достојни за почит - нема "точен" пат кон иднината.
Речено е дека Евроазија е идеја, чие време ќе дојде повторно. Последните историски истражувања го спасија стариот пат на свилата од историски заборав. Покојниот американски социолог Џенет Абу-Лугход идентификува осум кои се преклопуваат "трговски синџири" меѓу северозападна Европа и Кина, кои поради Pax Mongolica (стабилизирачки ефект на монголската империја врз животот на локалните племиња во Евроазија), напредува меѓу 13 и 14 век.
Според Абу-Лугход западниот империјализам се самонаметна на овие стари синџири, но не ги избриша. Исламот во тоа време продолжува да се шири надвор од географските и политички граници. Кинеската и индиската миграција не запира.
Денес единствената конјуктура од економски и политички случувања создава можност Евроазија да се врати од своето историско затишје.
Во последните години западната самоувереност беше смирена од финансиската криза од 2008-2009 година и политичките урнатини во Блискиот Исток. Во исто време интересите на два потенцијални градители на Евроазија - Кина и Русија, се чини дека се обединети, барем на површината.
Мотивот на Кина за ревитализација на Pax Mogngolica е јасен. Моделот на економски раст базиран главно на извоз на евтини стоки кон развиените земји, почнува да се исцрпува. Светската стагнација е се поголема закана за Западот, придружуван од расположенијата кон протекционизам. И, иако кинеските лидери знаат дека треба да се фокусираат на балансот на економијата од инвестиции и извоз кон потрошувачка, тоа би предизвикало сериозни внатрешни политички проблеми на владејачката Комунистичка партија. Преориентира на инвестициите и извозот кон Евроазија нуди алтернатива.
Со зголемувањето на цените на трудот во Кина производството се пресели од крајбрежните области кон западните провинции. Природниот пат на кој тргнува ова производство, е на патот на свилата. Развојот на овој пат (всушност неколку "појаси", вклучувајќи го и јужно морскиот пат) ќе има потреба од огромни инвестиции во областа на транспортот и градската инфраструктура. Како и во 19 век намалувањето на транспортните трошоци ќе отвори нови пазари за трговија.
Русија, од своја страна, исто така, има економски мотив за развој на Евроазија. Земјата не успеа да ја модернизира и прошири својата економија. Како резултат на тоа, остана главно извозник на нафтени деривати и увозник на индустриски стоки. Кина нуди сигурен и можност за проширување на пазарот за извоз на нејзината енергија. Големите транспортни и градежни проекти потребни за реализација на економскиот потенцијал на Евроазија, може да и помогне на Русија да ја закрепне индустриската и инженеринг силата, која загуби со падот на комунизмот.
Оваа година Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан се врзани во Евроазиска економска унија (ЕСИ), царинска унија со компонента на заштита. Според бранителите, ЕСИ е чекор напред кон обновата на старите советски граници во форма на доброволен економски и политички сојуз според моделот на ЕУ - проект кој та да потрае до "победата" на Западот во Студената војна.
Според официјалното руско мислење "меѓусебниот упад и интеграцијата на ЕСИ и економскиот појас на патот на свилата" во "поголема Евроазија" ќе им овозможи "стабилен развој на сигурно добрососедство меѓу Русија и Кина".
На 8 мај во Москва претседателите Путин и Си потпишаа договор, кој предвидува создавање на координативни политички институции, инвестициски фондови, банки за развој, девизни режими и финансиски системи, кои треба да и служат на огромната зона на слободна трговија, која ја поврзува Кина со Европа, Блискиот Исток и Африка.
Колку реален е овој сон?
Русија и Кина се чувствуваат "опколени" од САД и неговите сојузници. Антихегемонната цел на Кина, изразена во речиси непробојна проза, е да се заштити "толеранцијата помеѓу цивилизациите" и почитта кон "начините на развој, избрани од различни држави".
Во исто време Путин станува експресивен во антиамериканската реторика по украинската криза, која според него е клучен пример за западна интервенција во внатрешните работи на Русија. Зголемувањето на трговските текови меѓу Русија и Кина и заздравувањето на координацијата во политиката и безбедноста ќе ја намали нивната ранливост на надворешна интервенција и ќе алармира за појавата на нов центар на светска сила.
Тоа
може да биде сметанo како чуден успех на западното државништвото во обединувањето на два стари противника по моќ и влијание во Централна Азија до степен на заеднички стремеж кон исклучување на Западот од идниот развој на регионот. САД, особено, ја испушти можноста за вклучување на двете страни во единствен светски систем, со тоа што отворено ги отфрли реформите на Меѓународниот монетарен фонд, кои требаше да ги зајакнат кинеското влијание при донесувањето на одлуки, и ја блокира Русија за членство во НАТО. Ова ги натера двете страни да бараат алтернативна иднина во меѓусебната компанија.
Дали нивниот брак од корист ќе доведе до трајна унија или, како што
Џорџ Сорос предвидува - закана за светскиот мир, допрва ќе ја видиме. Има очигледна борба за влијание во Казахстан, а Кинезите стиснати од Русите ќе се потрудат со билатерални договори. Засега несогласувањата во Новиот пат на свилата изгледаат помалку болни за двете сили од постојаните предавања кои ги добиваат од Западот.
Обработка: К.К.
Извор: Investor