РУТЕ ЗА ДАТУМОТ: Aлбанија не е подготвена, но Македонија е поблиску до целта
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019 16:55
Премиерот на Холандија, Maрк Руте се залага за раздвојување на пакетот со Албанија, вракајки се на основниот принцип на Унијата, секоја земја кандидат да напредува согласно сопствените заслуги, пишува црногорскиот весник Побједа.
„Не верувам дека Албанија во овој момент е подготвена да започне преговори со ЕУ, но што се однесува до Северна Македонија, таа е поблиску до целта“, вели холандскиот премиер Руте за црногорскиот весник.
Тој наведува дека на состанокот на Европскиот совет во Брисел и покрај ваквата констатација за подготвеноста на двете земји, некои членки на Унијата не се согласиле процесот да биде раздвоен.
„За разлика од нив, одделни земји сакаа раздвојување и затоа на последниот Европски совет немаше одлука за прашањето за отворање преговори со овие две земји“, изјави Руте.
За тоа дали 2025 година е реален рок за прием на некоја од земјите од Западен Балкан во ЕУ, Руте вели дека одредувањето крајни датуми не е цел сама по себе и дека најважно е да бидат исполнети условите.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон неодамна изјави дека не бил сам во одлуката да се блокираат преговорите на Македонија со ЕУ.
Тој уште еднаш ја повтори позицијата на Париз дека ќе одбие секакво отворање на преговори со земји кандидати ако претходно нема реформа на преговарачката процедура.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




