20 Декември, 2025
0.0668

САД бара од ЕУ да ги ублажи мерките за штедење

Објавено во: Свет 09 Април, 2013 11:49

Добивај вести на Viber

Европските земји мора да ги ублажат мерките за штедење и да донесат нова политика за поттикнување на растот, изјави амриканскиот министер за финансии Џек Лју, на почетокот на серијата состаноци со водечките европски лидери. Најголемиот трговски партнер САД и најголемиот светски економски блок влегоа во четвртата година од должничката криза, со голем број на земји во рецесија. Американските власти се надеваат, како што пренесува агенцијата АП, дека Европа ќе попушти во фокусирањето за намалување на долгот, со што се загрозува растот поради намалувањето на потрошувачката и зголемувањето на даноците. Џек Лји, кој во јануари беше именуван за американски министер за финансии, вчера ја започна првата официјална посета со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо во Брисел. Лју ќе се сретне и со водечкиот европски претставник за економски и монетарни прашања, комесарот Оли Рен и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј. „За време на состанок со Баросо, Лју разговараше за потребата за зголемување на побарувачката поради поттикнување на економијата“, изјави еден од претставниците од американското министерство за финансии, додавајќи дека тие, исто така, разговарале и за ситуацијата во Кипар. Кипар беше принуден минатиот месец да побара десет милијарди евра од европските партнери и меѓународниот монетарен фонд, откако банкарската криза ја доведе земјата до работ од банкротот. Лју, поради оваа причина, ја повика ЕУ да започне со еден од клучни проекти за надминување на должничката криза, а тоа е формирањето на банкарска унија. Според тој проект, надзорот на банки во еврозоната ќе биде централизиран од почетокот на наредната година, што ќе биде проследено и со формирање на спасувачки фонд, кој ќе има овластување да ги решава банкарските проблеми. Лју и Баросо, исто така, разговараа и за планираниот договор за слободната трговија помеѓу ЕУ и САД, која, според нив, ќе го поттикне растот на размената преку намалување на царинските тарифи и укинувањето на други трговски бариери.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја