САД добиваат нова улога на нафтените пазари
Објавено во: Економија, Свет 26 Февруари, 2016 08:48
Во услови на презаситеност на пазарот „Cerniere“ го испрати својот прв танкер со течен гас кон Бразил
САД доби нова улога на нафтените пазари, откако претходно оваа недела беше реализиран првиот извоз на течен гас, коментира CNBC. По неколку години на подготовка компанијата „Cherniere“ успеа да го подготви првиот танкер и го испрати до Бразил, токму во момент кога нафтените пазари се презаситени со суровина.
Поради презаситеноста цената на нафтата може да остане ниска со години, но и покрај тоа првиот танкер со течен гас од САД е нова фаза и може да има значително влијание врз динамиката на пазарите.
Кога за првпат се проговори за извоз на природен гас од САД, цените на суровините беа многу повисоки. Сега сепак нивоата се ниски, а очекувањата се дека трендот ќе се промени дури по 2018 година. Ова неизбежно влијае врз инвестициите во секторот, коментира Крис Холмс, потпретседател во „IHS“.
Во „Cherniere“ сепак коментираат дека до 2020 година САД ќе биде еден од трите најголеми снабдувачи на течен гас. Во моментов водечка улога има Катар, а во играта почнува да се меша и Австралија. Очекувањата се дека Зелениот континент ќе ја зголеми тројно екстракцијата на течен гас и ќе се обиде да го измести Катар.
Според „JERA“, еден од најголемите купувачи на течен гас, зголемената ликвидност на пазарите води не само до пониски цени, туку и до поголема транспарентност на ценовниот механизам на пазарот.
Пред неколку месеци „Cherniere“ покажа и интереси кон европскиот пазар на гас. Компанијата коментира дека може да учествува во изградбата на терминал за течен гас крај Александрополис, од кој преку гасната врска „IGB“ американскиот течен гас може да влезе во Европа.
Самата Европска комисија исто ја разгледува можноста за масовно навлегување на течниот гас во заедницата, за да се надмине големата зависност на Стариот континент од рускиот природен гас.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




