20 Декември, 2025
0.1287

САД и официјално влегува во војна со Исламската држава

Објавено во: Свет 12 Декември, 2014 12:09

Добивај вести на Viber

Комитетот за надворешна политика на Сенатот на САД усвои Резолуција со која и даде одобрение на администрацијата на претседателот Барак Обама за отпочнување на тригодишна воена операција против Исламската држава во која ќе бидат ангажирани и копнените сили доколку тоа биде неопходно. Одборот ја одобрил резолуцијата на сенаторот Роберт Менендез, кој припаѓа во редовите на демократите, со која операцијата се ограничува на три години, а ангажирањето на копнените сили ќе биде можно само во одредени случаи. Ова е и првото изјаснување во Конгресот со кое се дава одобрување на воени дејства на Соединетите Американски Држави против Исламската држава, а за ваквата одлука гласале десет сенатори, додека осум биле против. Во борбата против Исламската држава Обама се потпираше на одобренијата од Конгресот кои поранешниот претседател Џорџ Буш ги искористи за да ги оправда воените акции по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001. Според Американскиот државен секретар, Џон Кери, ваквото одобрување од Конгресот не треба да ја ограничи американската воена операција само во Ирак и Сирија ниту пак да ко спречи американскиот претседател да ги ангажира копнените сили доколку биде утврдено дека тоа е неопходно. Американскиот конгрес претходно одобри 500 милиони долари за обука и поддршка на умерената сириска опозиција која исто така се бори против екстремистите на Исламската држава.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја