19 Декември, 2025
0.0435

САД ИЛИ РУСИЈА: Која од овие две земји има поголеми златни резерви?

Објавено во: Економија 22 Јули, 2025 17:39

Добивај вести на Viber

Најновите податоци од Светскиот совет покажуваат дека Србија има 49,8 тони злато. Taa е далеку пред земјите од поранешна Југославија (Светскиот совет не објави податоци за Хрватска и Црна Гора). Македонија има 6,9 тони, додека Словенија и БиХ имаат 3,7, oдносно 3,5 тони.

Македонија, според најновите официјални податоци, располага со резерви на злато од 6,9 тони– оваа бројка останала непроменета и во првиот квартал од 2025 година. Вредноста на овие резерви, пресметана во американски долари, достигна рекорден износ од 634,1 милион долари во февруари 2025 година. Златото сочинува околу 13% од вкупните девизни резерви на државата, според извештаите на Народната банка.

Овие резерви се дел од официјалните меѓународни резерви на Народната банка на Северна Македонија, кои се користат како економска заштита и инструмент за финансиска стабилност во случај на кризи или потреси на светските пазари. Количината на злато што ја поседува државата се менувала низ годините, но последното десетлетие се движи околу истото ниво, со мали флуктуации.

Не изненадува што во последните три години купувањето злато од централните банки надмина 1.000 тони годишно. Forbes Словенија истражува кои држави имаат најголеми резерви на злато.

10. Турција: 632 тони

Турција брзо ги зголемува резервите; не беше ни меѓу првите 15 во 2012 година. За време на пандемијата продавала злато, но сега резервите повторно растат, поради проблемите со релацијата САД и кризата со турската лира.

9. Јапонија: 846 тони

Јапонија од 2012 година ја зголемила резервата за 80 тони. Единствено поголемо намалување било во декември 2020 година, кога се продаде злато за финансирање антипандемиски мерки. Залихите се стабилни, а земјата има богати златни рудишта.

8. Индија: 880 тони

Индија резервите ги зголемуваше во последната деценија (во 2012 имала само 557 тони). Побарувачката расте, особено во форма на накит. Индиската рударска индустрија не ги задоволува домашните потреби, па најголем дел од златото се увезува.

7. Швајцарија: 1.040 тони

Швајцарија најголем дел од златото го чува дома, а дел во Bank of England и Bank of Canada. Во 2014 на референдум, граѓаните одбија зголемување на резервите на 20%.

6. Кина: 2.296 тони

Кина во 2012 имала 1.054 тони, а денес поседува повеќе од двојно. Најголем светски производител на злато (околу 10 отсто од светската продукција). Зголемената побарувачка доаѓа од средната класа, а централната банка резервите ги зголемува поради геополитички причини.

5. Русија: 2.330 тони

Русија во последните години купи злато вредно десетици милијарди евра за да ја намали зависноста од американскиот долар. Во 2025 година ја престигна Кина по резерва. И покрај санкциите по нападот на Украина, Русија има силна домашна индустрија и помалку се потпира на увоз.

4. Франција: 2.437 тони

Најголемиот дел од златото Франција го стекнала во 1950-тите и 1960-тите. Во последните години резервите малку се зголемиле. 

3. Италија: 2.452 тони

Резервите на Италија се непроменети изминатата деценија. Повеќе од 1.000 тони се чуваат во Banca d’Italia, речиси исто толку во Fed, а остатокот во швајцарските и британски банки. Во 2019 се отвори дебата околу сопственоста и беше јавно гарантирано дека „ниту грам злато“ нема да се продава за буџетски дефицит.

2. Германија: 3.351 тон

Германија има стабилни златни резерви. Најмногу се складираат во Бундесбанка во Франкфурт, но и во Federal Reserve Bank во Њујорк, Bank of England и Banque de France. Дел од залихите се вратија во Франкфурт меѓу 2013 и 2017, а дел и денес се во Fed во Менхатан.

1. САД: 8.133 тони

На крајот на минатата година, САД имале 8.133,5 тони злато, без значителни промени во изминатата деценија. Вредноста на оваа залиха е околу 700 милијарди долари. Поголемиот дел од златото се чува во депозити низ Америка, како што е познатиот Форт Нокс.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?