САД: „Кој ги уби весниците?“
Објавено во: Свет 21 Март, 2013 13:01
Статистика за пропаѓање на печатените медиуми, објави американското списание „Атлантик“. Минатата година весниците загубиле 16 долари во печатените изданија во однос на еден добиен долар во електронските медиуми.
Пред две години односот бил 10 наспроти еден, а за само една година односот се зголемил на 16:1.
Дигиталната револуција останува надвор од фокусот на повеќето печатени медиуми, а тоа се објаснува бидејќи „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит џурнал“ одлучиле да ја префрлат претплатата на веб страниците, со цел да го зголемат растот на електронските огласи.
„Атлантик“ објави листа, односно пресек на намалување на огласите во печатените изданија во корист на зголемување на огласите во електронските медиуми.
На тој начин од 2003 година до денес приходот од 45 милијарди долари од огласите во печатените светски медиуми се намалил на дури 19 милијарди долари. Во истиот период дигиталните огласи се зголемиле од 1,2 милијарди долара на 3,3 милијарди.
На прашањето „Кој ги уби весниците?“, одговорот гласи „огласите“.
Интернет страниците нудат директни информации за недвижности, автомобили и останата стока и услуги, кои некогаш имале место на специјализираните страници во весниците.
„Атлантик“ во својата анализа додава дека печатените медиуми од 2000 година загубиле повеќе од три четвртини од приходите кои доаѓале од малите огласи.
Во текот на 10 години во ваквото огласување загубени се околу 25 милијарди долари
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




