САД: Нови санкции за Русија и воена помош за Украина
Објавено во: Свет 13 Декември, 2014 11:06
Американскиот Конгрес го усвои нацрт законот со кој се предвидува воведување на додатни економски санкции за Русија истовремено овластувањето на претседателот Барак Обама да испрати смртоносна и не-смртоносна воена помош за Украина, вклучувајќи антитенковско наоружување и муниција.
Американската Бела куќа уште не одлучила дали претседателот Барак Обама ќе го потпише нацрт законот за воведување на нови санкции за Русија, соопштил претставникот на Обама за медиуми, Џош Ернест. Тој во обраќањето пред медиумите рекол дека Белата куќа ќе го разгледа ова прашање и потоа ќе одлучи дали Обама ќе го потпише нацрт законот.
Оваа одлука го погодува пред се и рускиот и енергетскиот сектор бидејќи овозможува воведувње на санкции на големите руски компании, меѓу кои е и Гаспром и Рособоронескпорт, пренесува АФП.
Така да речеме, одлуката налага Обама да воведе санкции на рускиот гигант Гаспром во случај да „ги намали количините на гас на земјите на НАТО, но и Украина, Грузија и Молдавија“.
Москва во меѓувреме, изразила жалење поради усвојувањето на законот во двата дома на Конгресот порачувајќи дека Русија нема да попушти пред закананите на САД.
Испораката на оружје, кое го барал Киев, сега е во надлежност на американскиот претседател кој за сега се противи и одобрил само помош во заштитен и комуникациски материјал, како радари, направа за ноќно набљудување и панцири.
Законот овозможува Вашингтон да ја зајаке воената помош на Украина, посебно по пат на испорака на противтенковското наоружување, надзорни и беспилотни летала и опрема за комуникација.
Текстот едногласно во четвртокот го усвоиле Сенатот и Претставничкиот дом и уште треба да биде вратен во Сенатот на потврдување на консензусот и потоа проследен на претседателот Барак Обама на официјално прогласување.
Законот е променет и не ги именува Украина, Молдавија и Грузија како „сојузни нечленки на НАТО“ како во првите верзии, знаејќи дека американските извршни власти сметаат дека привилегираниот статус на Киев не би донел никаква предност со која повеќе не располага.
Именувањето на земјите сојузнички како нечленки на НАТО, со кој се користат и Авганистан и Јапонија, ја олеснува воената соработка и трансфер на оружје.
Новиот закон освен тоа бара од американскиот петседател да одреди зголемување на санкциите на одредени едници на рускиот сектор за одбрана (произведувачи и трговци со оружје) кои го прегрлаат оружјето во Сирија, Украина, Грузија и Молдавија и така учествуваат во нестабилноста на тие земји.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




