05 Декември, 2025
0.0512

САД повеќе не се најдебелата нација на светот

Објавено во: Стил 14 Јули, 2013 21:12

Добивај вести на Viber

Според последното истражување на одделот за храна на ОН, објавено изминатава седмица, САД веќе не се најдебелата нација помеѓу развиените и земјите во развој од цел свет. Нив ги претрка соседно Мексико. Дури третина од возрасните граѓани во Мексико (32.8%) се здебелиле и имаат процент на масти над 30%. Во САД пак дебели се 31.8% од жителите. Следна на листата е Сирија со 31.6%. Според Абелардо Авила, лекар од Мексиканскиот институт за исхрана, дебели се претежно сиромашните луѓе кои се хранат многу нездраво. Кај нив има дебели родители и лошо ги хранат децата. „Децата навикнуваат на дебелината и тоа станува епидемија," вели тој. Дијабетисот убива околу 70 000 луѓе годишно во Мексико. Околу 12% од целото население во светот е прекумерно дебело, покажува извештајот на ОН. Ако пак се земат во предвид сите држави во светот, дебелината е најзастапена во Науру - островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан. Таму 71.1% од вкупно 10 000 луѓе на островот се дебели. ОН немаат податоци за Американска Самоа, каде што дебелината на населението зема замав на епидемија. Според извештајот на СЗО од 2010 таму процентот е 95% дебели лица. На другиата страна на листата е Јапонија. Тоа е најразвиена земја со најмалку дебели граѓани - дури 4,5%. Еве како изгледа листата на дебелина во Топ 10 составена од развиените и од земјите во развој со најголем проблем во тежина: 1. Мексико - 32.8% 2. САД - 31.8% 3. Сирија - 31,6% 4. Венецуела - 30.8% 5. Либија - 30.8% 6. Тринидад и Тобаго - 30 7. Вануату - 29.8% 8. Ирак - 29.4% 9. Аргентина - 29.4% 10. Турција - 29.3% Од 11-то до 25-то место се најдоа: Чиле, Чешка, Либан, Нов Зеланд, Словенија, Ел Салвадор, Малта, Панама, Антигва, Израел, Австралија, Сент Винсент, Доминиканска Острови, Велика Британија, Русија и Унгарија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: