САД со нов закон ќе ја финансира федералната Влада до крајот на септември
Објавено во: Свет 27 Март, 2013 11:32
Американскиот претседател Барак Обама потпиша закон, кој беше изгласан минатата недела во Конгресот, за финансирање на активностите на федералната Влада до крајот на септември и за избегнување на стопирање на некои општествени услуги.
Потпишаниот документ го остава во сила автоматското кратење на буџетот во износ од 85 милијарди долари до 1 март поради несогласувањата меѓу демократски и републиканците за негово поништување.
Во законот е предвидено одделување на 87 милијарди долари за воени операции во странство.
Само некои федерални агенции како Пентагон добија адаптиран буџет, со цел да бидат намалени последиците од економските мерки во следните шест месеци, со што им се дава поголема флексибилност при воведувањето на дополнителните намалувања во нивните трошоци.
Сега вниманието е насочено кон следната етапа, договарањето на буџетот за финансиската 2014 година, која почнува на 1 октомври. Минатата недела Претставничкиот дом, во кој доминираат републиканците и Сенатот, каде мнозинство имаат демократите, изгласаа мошне поинакви верзии на буџетот.
Се очекува кон средината на следниот месец Обама да објави своја верзија на буџетот, во која ќе се заложи за зголемување на даноците на најбогатите домаќинства - мерка на која се противат републиканците.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




