САД уништи уште еден брод и погуби четири „нарко-терористи“
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2025 08:42
Американската војска објави видео за кое тврди дека покажува напад врз брод за кој вели дека е вклучен во нелегален шверц со дрога во Карибите. Јужната команда на САД соопшти дека нападот се случил на 10 ноември.
Објавеното видео покажува како бродот се движи со голема брзина и одеднаш се запалува.
Во четврток, функционер на Пентагон изјави за Ројтерс дека САД го извршиле својот 20-ти напад врз брод за кој се тврди дека се занимавал со трговија со дрога.
„Нападот се случил во Карибите и четворица наркотерористи биле убиени, нема преживеани“, рече функционерот.
Во американските напади врз бродови за кои се сомнева дека шверцуваат дрога на Карибите и на пацифичкиот брег на Латинска Америка се убиени десетици луѓе, кои администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги нарекува терористи кои продаваат наркотици.
Можеби ќе ве интересира
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму




