САД ВОВЕДУВА САНКЦИИ ЗА НАФТЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРБИЈА: Ова ќе ја погоди економијата
Објавено во: Економија, Балкан 10 Јануари, 2025 17:11
САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија(НИС).
Американското Министерство за финансии денеска донесе одлука за воведување санкции, како што се очекуваше, јавија српските медиуми. Конкретните мерки се испратени до српскиот државен врв.
Србија има рок од 30 дена да ја разгледа ситуацијата. Има неколку проблеми, а се издвојуваат два: проблеми во самото снабдување со нафта и проблеми со Рафинеријата и Петрохемија и други гиганти кои директно ќе се одразат на економијата.
Санкциите беа наметнати и според Извршниот налог 13662 – „Блокирање на имотот на дополнителни лица кои придонесуваат за ситуацијата во Украина“.
Во одлуката се наведува дека се воведени санкции за НИС поради поврзаноста со Гаспромњефт. Најголем акционер на НИС е Гаспромњефт, кој има 50 отсто од сопственоста на компанијата, додека 6,15 отсто и припаѓаат на нејзината матична компанија Газпром. Република Србија поседува 29,87 отсто од капиталот, а 13,98 отсто од компанијата е во сопственост на мали акционери.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




