САДЕЊЕ ЛЕШНИЦИ: Зошто во Македонија и регионот луѓето „полудеа“ по овој бизнис?
Објавено во: Агробизнис 03 Септември, 2018
Многу луѓе во земјава и на Балканот подигаат насади со лешници со надеж дека тој бизнис ќе им донесе добра заработка.
Но, за да има профит, се тврди, треба да поминат неколку години. Благој Стојчевски од Гевгелија вели дека по шест години очекува заработка од насадот, и за него ова е дополнителна дејност.
„Јас сум нов во оваа работа. Лани посадив лешник на површина од околу 3 декари, имам 170 садници. За лешник се одлучив затоа што има гарантиран пласман, и мислам дека како хоби би било исплатливо барем после 6-та година. Лешникот бара многу вода, треба основно губрење и се прска против штетници. Има многу луѓе во овој регион кои садат лешници“- вели Стојчевски.
Но, лешникот е популарен и во други држави од регионот.
Горан Флоријан од Загреб раскажува дека во дворот имал десетина садници, од кои берел лешници и ги продавал на Краш, и други фирми за преработка на овошје. За килограм лешник добивале 10 до 15 куни.
„Тоа беше дополна на пензијата на татко ми, но не и постојана работа“ - рече тој.
Од плантажа во селото Браје Чифлик во околината на српскиот град Пирот велат дека одгледувањето лешници се исплати и затоа пред две години засадиле 270 садници.
„Се занимавам со друга работа, но заради заработката кај куќата имам и лешници од сортата енес. Лани за килограм цената на големо беше 700 динари. Продаваме на пазар и во слаткарници“ - додаваат од оваа плантажа.
За да еден земјоделец почне да се занимава со одгледување лешници на хектар површина, во почетокот му се потребни 2.000-2.500 евра, вклучувајќи ги садниците, работната рака и сите агротехнички мерки преземени навреме.
Македонија има добри климатски услови за садење лешници.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.