29 Април, 2024
0.0258

Саем на луксуз во Кина, колку поскапо-толку подобро!

Објавено во: Стил 11 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Најбогатата стока на светот овие денови се наоѓа  во Кина, на саемот на луксуз. Пекинг е домаќин на луксузот, каде речиси 300 производители од 20 земји од целиот свет дојдоа на саемот на раскош и луксуз за да им ги понудат своите производи на богатите Кинези, пишува Кина Дејли. Швајцарски часовници, кои стануваат се повеќе популарни во далеката Кина, мебел, накит, луксузни јахти ... има сè, но ретко кој може да си ги дозволи. Брендови како Гучи, Луј Витон или Барбери веќе имаат стекнато многу обожаватели во Кина, додека некои брендови, особено помалите, едвај “поминуваат” кај потрошувачите. Сепак, според организаторите на саемот на луксуз, многу богати луѓе не се заинтересирани за она што е добро познато на сите, тие се во потрага за ексклузивитет, уникатност и вистински луксуз. Затоа, малите компании на овој саем ќе имаат прилика да се прошират на кинескиот пазар и да фатат богати кинески муштерии.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти