САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?
Објавено во: Свет 14 Мај, 2024 17:52
Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов денеска изјави дека сака да ги модернизира вооружените сили и да постигне победа во Украина со минимални жртви.
Новиот руски министер изјави дека сака да ги „оптимизира“ воените трошоци.
„Првата цел е да се обезбеди интеграција на воената економија во целата економија на земјата. Ова не е лесно и бара оптимизација на расходите што не значи нивно опаѓање“, рече министерот.
Tој додаде дека неговата втора цел е максимално да ја отвори воената економија за иновации, особено за „дигиталната технологија“. Во неделата навечер, рускиот претседател Владимир Путин направи промена и го смени Сергеј Шојгу, кој беше негов лојален министер за одбрана од 2012 година, и го назначи за секретар на Советот за безбедност, тело кое ги собира највисоките руски функционери, но без никакви реални овластувања.
Во тоа министерство почна чистка поради обвинувањата за корупција, со апсење на заменик-министер во април и апсење на генералот Јуриј Кузњецов, службеник за човечки ресурси. Руските сили ги интензивираа нападите на Харков. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина
Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија
(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?
Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа





