09 Декември, 2023
0.0300

„САКАЛЕ ДА СЕ МЕШААТ ВО СТРАТЕШКИ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНИЈА“: Петровска ги обелодени причините за протерувањето на руските дипломати од земјава

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.

Таа на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање посочи дека стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и дека секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата.

-Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно - разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава. Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава, изјави министерката.

Додаде дека Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од вакви или слични влијанија.

-Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од било какви влијанија вклучително и на вакви злонамерни,  тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси следствено на тоа сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање, туку и на другите безбедносно -  разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа, закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале, увери Петровска.

Неодамна Министерството за надворешни работи на Северна Македонија потврди дека од земјата биле протерани тројца руски дипломати.

-На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata), беше наведено во соопштението на Министерството. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ОД НОВИНАРОТ ЛАТАС: Нема ниту еден доказ дека во киднапирањето е замешан таткото на девојчето

УШТЕ ЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ОД НОВИНАРОТ ЛАТАС: Нема ниту еден доказ дека во киднапирањето е замешан таткото на девојчето

ДАЛИ ВАЊА БИЛА СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ЗГРАДАТА - од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација

ДАЛИ ВАЊА БИЛА СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ЗГРАДАТА - од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација

ЛАТАС: СВОЕВРЕМЕНО И ЈАС ИМАВ УПЛАТЕНО ЗА СТАН КАЈ ПАЛЧО, 10.000 ДОЛАРИ - но се откажав кога видов дека сум трети на список за истиот стан, никогаш не ми ги врати парите

ЛАТАС: СВОЕВРЕМЕНО И ЈАС ИМАВ УПЛАТЕНО ЗА СТАН КАЈ ПАЛЧО, 10.000 ДОЛАРИ - но се откажав кога видов дека сум трети на список за истиот стан, никогаш не ми ги врати парите

ТОЈ Е ИЗБОР ЛИЧНО НА ПАРТИСКИОТ ЛИДЕР АХМЕТИ - Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во земјава

ТОЈ Е ИЗБОР ЛИЧНО НА ПАРТИСКИОТ ЛИДЕР АХМЕТИ - Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во земјава

СМЕТАМ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТУРЦИЈА ЌЕ ИМААТ ПРЕДВИД ДЕКА СЛУЧЈОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОБИЕ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА - Вилма Рускоска околу барањето за екстрадиција на Палчо

СМЕТАМ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТУРЦИЈА ЌЕ ИМААТ ПРЕДВИД ДЕКА СЛУЧЈОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОБИЕ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА - Вилма Рускоска околу барањето за екстрадиција на Палчо

УБИСТВОТО НА НЕВИНО ДЕВОЈЧЕ БИ МОЖЕЛ ДА ГО ИЗВРШИ САМО ЕДЕН ТИП НА ЛУЃЕ - српски психолог објаснува зошто некогаш грешат и татковците

УБИСТВОТО НА НЕВИНО ДЕВОЈЧЕ БИ МОЖЕЛ ДА ГО ИЗВРШИ САМО ЕДЕН ТИП НА ЛУЃЕ - српски психолог објаснува зошто некогаш грешат и татковците

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ - осомничените ги држат во делот на зградата каде што не можат да влезат ни сите чувари

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ - осомничените ги држат во делот на зградата каде што не можат да влезат ни сите чувари

„НА МЕНХЕТН ЛИ ПРОДАВАТЕ СТАНОВИ, НЕНОРМАЛНИ ЕДНИ, 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СТАНЧЕ ОД 40 КВАДРАТИ“ - актерот Тасевски распали за високите цени во Дебар Малоо

„НА МЕНХЕТН ЛИ ПРОДАВАТЕ СТАНОВИ, НЕНОРМАЛНИ ЕДНИ, 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СТАНЧЕ ОД 40 КВАДРАТИ“ - актерот Тасевски распали за високите цени во Дебар Малоо

КАДЕ БИЛ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО НА 24 АПРИЛ 2012 ГОДИНА, КОГА СЕ СЛУЧИ „МОНСТРУМ“ - Европскиот сојуз со прашања до МВР

КАДЕ БИЛ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО НА 24 АПРИЛ 2012 ГОДИНА, КОГА СЕ СЛУЧИ „МОНСТРУМ“ - Европскиот сојуз со прашања до МВР