Сакам да снимам реклама со Линда Еванџелиста: Интервју со Дарко Панчев
Објавено во: Стил 22 Јули, 2019 07:31
Најголемиот наш фудбалски ас на сите времиња и денес изненадува со својата појава. Смислата за хумор не ја загубил, а со фудбалот малку е скаран.
Во својата кариера освои скоро се што можеше да се освои во фудбалот. За Дарко Панчев, легендата на Југословенскиот фудбал и играч кој на Црвена ѕвезда и ја донесе титулата европски шампион и ја освои златната копачка на Европа, скоро и да нема нешто што не е напишано. Тој е нашата гордост и останува запишан во историјата како фудбалерот со број 9, еден од најдобрите на Балканот и пошироко. Сепак, Дарко се уште има што да каже, а при тоа и да не насмее. Активен е колку може во спортот, активно ги следи спортските случувања, ама во неговиот кафе бар постојано е во друштво на големи регионални ѕвезди кои и денес му симнуваат капа. Со сопругата Маја имаат една многу по друга работа од нивната стандарна, а таа е да бидат добри родители на двете ќерки и да ги изведат на вистински пат.
- Мислам дека со Маја заедно, ќерките Надица и Марија ги учиме на нормални животни вредности. Да прават добри работи и да ги почитуваат постарите - вели Панчев.
Свесен е дека старее и дека ништо не е како порано, кога не му било никаков проблем да истрча и десет километри. Сега нормално е кондиционо да е по спор, но успева сепак да воспостави некаква рамнотежа и да балансира со вежбите и исхраната.Целото интервју прочитајте го на Машки магазин.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





