18 Мај, 2024
0.0259

Сакате да бидете долговечни? Ви нудиме таен коктел!

Објавено во: Стил 19 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Состојките кои ги користиме за правење на коктелот се одамна докажани како ефикасни за справување со многу состојби во организамот.

Се пие секое утро по еден филџан, а има улога да го штити срцето и крвните садови, да помогне во подобрување на крвната слика, може да го зема секој како превенција од кардиоваскуларни болести, специфичен е и за луѓе кои патат од анемија.

Потребни состојки:

 -2 л. Црно вино  -200 гр Мед  -100 гр Свеж лист од коприва  -100 гр свеж лист од дива коприва

Подготовка:

Најпрво виното, листовите од коприва и дива коприва измешајте ги заедно. Оставете ги така да стојат 24 часа. Откако ќе поминат 24 часа процедете и течноста ставете ја на оган. Оставете ја на оган се додека не забележите дека започнува да врие. Пред да започне да врие додадете го медот. Откако ќе го додадете медот, промешајте и веднаш тргнете го садот од оган.Течноста ставете ја во шише и секое утро на празен желудник пијте по еден филџан.Вкусот е одличен може да се конзумира без проблем.