29 Април, 2024
0.0556

САКАТЕ СТАН ВО БЕЛГРАД НА ВОДА, ПА И НЕ Е ТАКА „СТРАШНО“ – Подгответе по 3.200 евра за квадрат. ФАКТОР ФОТО, ДИРЕКТНО ОД ТЕРЕН

Објавено во: Економија 19 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Многумина го критикуваа и исмеваа, други, пак, го воздигнуваа, но изгледа дека Белград на вода ги исполни очекувањата, градејќи ја својата економска оправданост. Проектот стартуваше во сега далечната 2014 година, фамозно, во стилот на српскиот претседател Александар Вучиќ, а близу една деценија подоцна, тоа е еден чист, педантно изграден и уреден комплекс, и секако престижен.

Таму ќе сретнете бројни станбени единици, можеби и повеќе од половината од она што на стартот се најавуваше. И, сеуште се гради.

Можете да забележите голем заграден простор, а на оградите инвеститорите ги истакнале и цените по кои можете да купите стан во овој луксузен комплекс. И погодете, тоа ќе ве чини „само“ 3.200 евра по метар квадратен, доколку на стартот на градбата ги уплатите средствата. Иако изгледа премногу, тоа можеби и не е така страшно во споредба со цените на становите во останатиот дел на Белград, кои се движат од 2.000 евра по метар квадратен, но за стари згради и станови, па се до над 4.000 евра за нови и убаво уредени станови. А да не заборавиме дека и во нашето Скопје веќе можете да сретнете понуди за продажба на стан од по 2.200 евра за квадрат, се разбира за најпрестижните локации и квалитет на градба.

Секако дека и во Белград на вода сегашните цени што се нудат од по 3.200 евра за метар квадратен, веројатно се за оние „обичните“ станови. За екстра луксузните и со престижна местоположба и квалитет, сигурно би требало да платите и многу повеќе. Како што впрочем и пишуваа српските медиуми, најскапиот стан продаден во Србија некогаш, е токму во Белград на вода, и чини над 9.000 евра.

Ако деновиве прошетате низ Белград на вода, ќе видите луксузни станбени единици, квалитетно изградени. Не изгледа дека недостигаат паркинзи, а веќе се разработени и кафулиња. 

И не само тоа. Перфектно уредени пешачки патеки, катчиња за ркреација, посебни локации со опрема за забава, од најмладите, до највозрасните. 

Целиот станбен комплекс е чист, убаво уреден, и некако мирен и надвор од градскиот метеж, а да не зборуваме за смирувачкото дејство на водата од реката Сава на која е всушност изграден.

А што напишаа за Белград на вода?

На Википедија е наведено дека Белград на вода е проект за развој на урбана обнова, предводен од српската Влада, чија цел е подобрување на градскиот пејзаж и економијата на Белград, преку ревитализација на амфитеатарот Сава, запуштен дел од земјиштето на десниот брег на рекатапомеѓу Белградскиот саем и Бранковиот мост. Проектот стартувал во 2014 година и е вториот по големина комплекс за мешана употреба во изградба во Европа. Комплексот ќе вклучува 7.000 станбени единици за 14.000 жители, луксузни хотели, 2000 канцеларии, најголеми трговски центар во југоисточна Европа и јавни згради во вкупна градежна површина од 1,8 милиони квадратни.

Проектот беше инициран во 2014 година помеѓу Владата на Србија и Игл Хилс, водечка приватна инвестиција со седиште во Абу Даби и развојна компанија, фокусирана на создавање нови градски центри на меѓународните пазари со висок раст. На стартот беше најавено дека српската влада и нивните партнери од ОАЕ ќе инвестираат околу 3,5 милијарди американски долари, како и дека проектот вклучува канцелариски и луксузни станбени згради, Белградски парк, Сава Променада, хотели со пет ѕвезди и трговски центар Галерија Белград. Централната точка на проектот е Кула Белград, ново градско обележје.

Точно на 27 јуни 2014 година премиерот на Србија Александар Вучиќ и инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати Мухамед ел Абар свечено ја отворија реновираната зграда на „Геозаводот“ и го претставија новиот план проект Белград на вода. Вучиќ тогаш изјави дека овој проект претставува една од петте најубави згради во Србија, која е обновена благодарение на инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати. За арапскиот партнер, компанијата Игл Хилс, тогаш беше најавено дека ќе изгради околу два милиони квадрати станбено-работен простор.Во септември 2015 година на таа локација започна изградбата на две станбени згради, кои денес се симбол на целиот комплекс.

Еве што не така одамна кажаа и инвеститорите и кои беа нивните очекувања. Имено, според нив, добрата географска положба на овој комплекс веројатно ќе ја направи оваа локација број еден во српскиот главен град за кратко време. Целиот проект предвидува изградба во четири фази, а рокот за завршување на сите работи е најмногу 30 години, значи до 2044 година.

Веќе во 2021 година Белград на вода ги доби своите први станбени згради на вода, како и трговски центар.Од година во година работите на градилиштето напредуваа. Напредок беше забележан и за време на пандемијата на корона вирусотОна што го нуди Белград на вода, а што привлече многу граѓани и туристи е најголемиот трговски центар во регионот. Се вика „Галерија Белград“, а беше свечено отворен на 30 октомври 2020 година. Изграден е по светски стандарди, а вкупната површина е 300.000 метри квадратни. Има и најголем зелен покрив во регионот и дури 3.600 паркинг места.

Изградбата на шеталиштето Сава траеше од 2015 до 2016 година и претставува впечатлив елемент на Белград на вода. Покрај патеката за пешачење, има и велосипедска патека направена по највисоки стандарди.

Комплексот не го сочинуваат само згради, туку и зеленило и вода. Во 2021 беа готови близу 870 станови на таа локација, а беше планирано да се вселат уште три. Апартманите се со една, две, три и четири соби и се дизајнирани да ги задоволат највисоките стандарди на функционалност.

И нешто за популарната Кула Белград, која полека станува новиот симбол на градот, и речиси е незамисливо да појдете во српскиот главен град, а да не се фотографирате пред таа кула. Оваа 42-катна кула е највисоката зграда во Србија,градена според проектот на познатото архитектонско биро SOMкое потпишано и на други познати светски згради. Кулата е висока 168 метри со површина 50.000 квадратни метриВо кулата ќе биде сместен хотел St. Regis со пет ѕвезди и 220 брендирани станбени единици. Резиденциите, кои вклучуваат 220 експанзивни дуплекс единици, и хотелот, со 120 соби, се дизајнирани според строги стандарди со остри, чисти завршетоци од месинг и каменВо Кулата Белград, првите 11 ката се предвидени за хотелот The St. Regis Belgrade, додека од 14 до 39 кат се простираат луксузните станови. На 12 и 13 кат предвидено е двојно нивокаде се сместени техничките простории.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи