Саксо банка: Банкарските кризи се шират низ цела Европа
Објавено во: Свет 04 Април, 2013 11:56
По финансиската катастрофа на Кипар, банкарските кризи ќе се прошират во цела Европа, а загубите ќе ги покриваат првично штедачите и сопствениците на пропаднатите банкарски организации, додека помошта од ЕУ ќе уследи потоа, предвидуваат експерти на данската Саксо банка.
Тоа значи според нив, дека „веќе никакви депозити во Европа нема да бидат заштитени бидејќи сме на прагот на период во кој политичката логика е посилна од економската“.
На Кипар се уште не се смирува ситуацијата по колапсот на банките, од каде според извештаи на локални медиуми, „снаодливи компании и три лица“ изнеле околу половина милијарда евра за време од две недели „банкарски одмор“ кога трансферот на пари бил формално забранет.
Според наводи на медиуми во Никозија, кипарски, руски и украински фирми успеале да избегнат намалување на нивните депозити додека Фајнешал тајмс објавува дека за тој скандал во следните три месеци ќе се води истрага која лично ја наредил претседателот на Кипар Никос Анастасиадис. Тој сепак се споменуваше како еден од учесниците во илегални финансиски трансакции во време на забрана на повлекување пари од влогови во домашни банки.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




