19 Декември, 2025
0.0453

САЛМАН РУЖДИ ЗАСЕКОГАШ ГО ИЗГУБИ ВИДОТ НА ЕДНОТО ОКО: По нападот со нож, нема да може да ја користи и едната рака

Објавено во: Свет 24 Октомври, 2022 09:31

Добивај вести на Viber

Британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди, кој беше избоден во август во САД, е слеп на едното око и не може да ја користи едната рака, изјави неговиот агент за шпанскиот весник „Паис“.

„Не гледа на едното око... Имаше три сериозни повреди на вратот. Не може да користи една рака бидејќи нервите во таа рака се отсечени. А има уште 15-тина повреди на градниот кош и горниот дел од телото“, изјави агентот на Ружди, Ендрју Вајли.

Писателот Салман Ружди прободен со нож во пределот на вратот и лицето при предавање во државата Њујорк

Според него, повредите се длабоки. „Тоа беше брутален напад, но тој ќе живее“, изјави агентот кој за прв пат јавно ги обелодени деталите за здравствената состојба на писателот нападнат на 12 август.

Ружди беше нападнат додека се подготвуваше да зборува на конференција во северниот дел на Њујорк.

Полицијата веднаш го уапси осомничениот Хади Матар, Американец со либанско потекло, кој пред судот се изјаснил за невин за нападот.

Ружди, роден во 1947 година, е познат по книгата „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година.

Писателот беше принуден да се крие во Велика Британија цела деценија, бидејќи иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) една година подоцна со кој им нареди на верниците да го убијат писателот поради наводната навреда на исламот во романот. Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече.

Според исламската доктрина, еднаш издадената фатва никогаш не може да се повлече, особено ако лицето што ја издало оттогаш починало, како што е случајот со Хомеини (1902-1989).

Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Децата на полноќ“, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела