18 Јануари, 2025
0.0287

Самит Македонија 2025: Фокусот се става на здравјето и физичките активности за поголем економски развој

Објавено во: Економија 27 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Колку е важно здравјето на граѓаните, и дали се потребни промени во навиките за да се зачува здравјето на граѓаните, што индиректно влијае и врз ефективноста на работа. Значењето на здравјето добива поинаков фокус по пандемијата и учесниците во денешниот панел „Правете добро за да ја зголемите долговечноста и продуктивноста“ на Самитот Македонија 2025 го истакнаа ова, додавајќи дека ќе мора да се менуваат навиките кај граѓаните, но и во медицинскиот сектор.

За Александар Митов, специјалист за јавно здравје, прв негативен тренд на општото јавно здравје се социјалните медиуми.

-  Иако јас имам над 150 илајди следбеници на Фејсбук, но од друга страна Институтот за јавно здравје има многу малку следбеници. Се прашувам дали ова е толку важно. Но, има поединци кои имаат поголемо влијание врз јавноста отколку Министерствата и институциите, и оваа е тренд. Но овој тренд според мене е под знак на прашање.  Во овој дел од светот, особено во Македонија, не гледам дискусии за менталното здравје колку што би требало. Ако ова не се реши може да премине во поголем проблем – посочува Митов.

Водено докторот дополни дека полека се случува поромена со коа се движиме во насока здравството и медицината да се придвижат од лекување да се премине на превенција.

-  Ова не е така лесно. Сега главен фокус е кај лекувањето, бидејќи тоа е попрофитабилно. Еден тренд кој се чуствува сега кај нас е раст на гојазноста, но не гледаме мерки кои се преземаат за да се спречи. Медицината следи протокол, и се држат до тој протокол. А факт е дека голем број медицински лица на исхраната гледаат како на алтернативна медицина, а тоа воопшто не требаа да е така, напротив исхраната е клучна во здравиот живот. Сметам дека моите колеги ќе мораат да ја прифатат улогата на едукатори, да ги распрашуваат какви се нивните навики, како да останат пациентите здрави. Секогаш ќе има лекување, но сметам дека се повеќе ќе се насочат кон превенција – укажа Митов.

Јасмина Бобан, радиолог при Институтот за Онкологија во Војводина на панелот исткана дека пандемијата со ковид ја преврте концепцијата за јавно здравје, за нашето лично здравје.

-  Она што излегува на површина е улогата на значењето на дијагнотиката, и на сега вештачката интелегенција во дијагностиката. Повеќето лекари не се чуствуваат комотни да работат со неа. Многу од нас се плашат дека ќе бидат заменети од неа. Од друга страна дел од нас ја забораваат традицоналанта медицина, нефармацевската медицина, на физичката активност... Ова се трендови кои се спротивставени, и чекаме да видиме како ќе излезе во иднина. Сметам дека превенцијата ќе добие поголемо значење во медицината. Не се доволни едно две решенија, туку потребно е да се симнете од облакот, и да се обидете да ги убедите пациентите да променат некои навики. Јас како неурорадиолог од областа посветувам големо внимание и би посочила дека сега веќе знаеме дека поврзаноста меѓу стомакот и мозокот е многу голема и мора да се променат некои навики – посочи Бобан.  

Од друга страна Дејвид Евангелиста, претседaтел на Специјалната Олимпијада на Европа и Евроазија истакна дека луѓето со попреченост не треба да се мешаат со лицата со ментални болести.

- Состојби како Даунов синдром и други кои често се предмет на стигма. Ова е популација која ние ја претставуваме. Тоа е движење за спорт во 90 и нешто земји. Тоа е популација која има поголема опасност да почине од ковид, тоа има врска со комобордитетите. Денеска веќе се зборува за оваа популација, а тие опфаќаат можеби 4 проценти од населението, и тоа насекаде во светот. МОТ има проценето дека земјите кои инвестираат во инклузија на овие лица имаат поголем економски раст. Иако тие се сочуваат со пречки за здравствена едукација, па семејството страда од сиромаштија, бидејќи тие мора да одлучат дали да работат или да се грижат за семејството. Земјите кои инвестираат во инклунзивна заштита имаат поголем економски раст. Но, добро е што сега се промени трендот за прифаќање на лицата со посебни потреби – потенцираше Евангелиста.

Тој појасни дека ако во минатото на лицата со посебни потреби како што се лицата со Даунов сидром се гледаше со голема нелагодност, денеска веќе овие лица се поприфатени и се бараат начини за нивна вклученост во општеството. Евангелиста исто така потенцираше дека има голема поврзаност меѓу здравјето на вработените и нивната ефикасност на работните места, за што посочи дека сосема очекувано е поздравите да имаат поголем придонес. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ШТО Е ИМИДАКЛОПРИД ЗАРАДИ КОЈ ХРВАТСКА ЈА УНИШТУВА МАКЕДОНСКАТА ЗЕЛКА? Најчесто користен инсектицид, еве какви последици остава

ШТО Е ИМИДАКЛОПРИД ЗАРАДИ КОЈ ХРВАТСКА ЈА УНИШТУВА МАКЕДОНСКАТА ЗЕЛКА? Најчесто користен инсектицид, еве какви последици остава

„ИМА ЗАОСТРЕНИ ЦАРИНСКИ ПРОВЕРКИ“: Македонците во Малта со сериозно предупредување, казните одат до 46 евра

„ИМА ЗАОСТРЕНИ ЦАРИНСКИ ПРОВЕРКИ“: Македонците во Малта со сериозно предупредување, казните одат до 46 евра

ПРОГРАМЕРИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ НА ВРВОТ: Занаетите повторно вредат злато, погледнете кои се најбарани во соседството

ПРОГРАМЕРИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ НА ВРВОТ: Занаетите повторно вредат злато, погледнете кои се најбарани во соседството

ОВА СЕ 25-ТЕ ВЛИЈАТЕЛНИ И МОЌНИ: Тие ќе ја обликуваат и креираат политиката на Европската унија во 2025 година

ОВА СЕ 25-ТЕ ВЛИЈАТЕЛНИ И МОЌНИ: Тие ќе ја обликуваат и креираат политиката на Европската унија во 2025 година

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата