САМИТ НА Г7 ВО ИТАЛИЈА: Koлку чини ноќевањето во хотелот каде престојуваат најмоќните луѓе на светот?
Објавено во: Свет 14 Јуни, 2024 18:09
На самитот на Г7 во Италија, најмоќните луѓе на светот спијат во хотелот во кој Мадона славеше роденден, а ноќевањето чини 4.500 евра.
Лидерите на седумте најбогати држави во светот – САД, Италија, Канада, Јапонија, Франција, Велика Британија и Германија, како и Европската Унија(ЕУ) за време на самитот беа сместени во луксузен блиндиран хотел што наликува на помала населба во кој една ноќ чини вртоглави 4.500 евра. Во него досега престојувале пејачката Мадона, која таму славеше роденден во 2021 година, потоа фудбалерот Дејвид Бекам и музичарот Џастин Тимберлејк, кој таму го помина медениот месец со актерката Џесика Бил. Во хотелот работат 700 луѓе. Додека трае самитот локалното население може да се движи само со посебна пропусница, а никој не смее да плива во морето. Учесниците на самитот се максимално безбедни. Обезбедувањето брои од 7.500 до 9.600 мажи и жени, од кои 5.000 се карабинери, полиција, финансиска полиција, како и снајперисти. Самит на Г7 во Италија се одржува по седми пат.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони без дилеми е ѕвездата, а украинскиот претседател Володимир Зеленски е најзадоволниот човек на годинашниот тридневен самит на Групата седум најразвиени земји – Г 7 што ќе се затвори попладнево со билатерални средби на учесниците и прес конференција на Мелони.
Уште првиот ден земјите членки на Г7 соопштија дека до крајот на годинава на Украина ќе и доделат заем од 50 милијарди долари од замрзнатиот руски имот. Освен ова, Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден потпишаа десетгодишен билатерален безбедносен договор, за кој беше кажано дека е претходница на членството на Украина во НАТО. Договорот има за цел да ги обврзе идните американски администрации да ја поддржуваат Украина, дури и ако Доналд Трамп во ноември победи на изборите, изјавија официјални лица.
foto Facebook/Georgia Meloni
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




