05 Декември, 2025
0.0940

Само Босанците и Албанците имаат полош стандард од Македонците во цела Европа

Објавено во: Анализа 20 Јуни, 2013 07:49

Добивај вести на Viber

Сите сме Европа, но сите живееме различно покажаа најновите статистички податоци за квалитетот на живот мерен спред БДП по глава на жител, што се смета за еден од главните репери при мерењето на животниот стандард. Во рамки на ЕУ најдобро живеат во Луксембург, а најлошо во Бугарија. Македонија, пак е далеку и од Бугарија, и според овие показатели се наоѓа на дното на оваа листа, пред само две држави. Со 35 % БДП по глава на жител, од просекот на ЕУ  Македонија е трета најсиромашна држава во Европа покажаа најновите податоци на Еуростат. Македонските граѓани се 65 % под стандардот на ЕУ, исто како и Србите, а само Босанците и Албанците имаат полош стандард, мерено според показателот БДП по глава на жител. Еве како стојат земјите кандидати за ЕУ и потенцијалните кандидати. Во однос на просекот на ЕУ, Турците имаат 56 % , а најмалку, Босна и Херцеговина 28 %. Огромни разлики има и кај останатите европски земји. Луксембург лани имал повеќе од 2,7 пати поголем БДП по жител мерено според куповната моќ во споредба со просекот на Европската Унија. Следни, се Австрија, Ирска, Холандија и Шведска, со БДП по жител мерено според куповната моќ околу 30% над просекот во ЕУ. Во долниот дел од табелата, како земји кои се под просекот на ЕУ, се Италија и Шпанија но тие се многу блиску до просекот на БДП по глава на жител со 98 односно 97 %, Грците имаат 75 % од просекот, а најлоши во однос на просекот се Романија и Бугарија кои имаат двојно понизок стандард. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени